Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ       СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Безбедност > Ford претставува воздушни перничиња со засилена заштита од судири
 
Spodeli
21 September 2010, 17:28


Ford претставува воздушни перничиња со засилена заштита од судири Ford Focus Ford претставува воздушни перничиња со засилена заштита од судири
Ford неодамна дозволи мал поглед на својот Ford Focus 2012 и бидејќи овде нема да зборуваме за неговите технички карактеристики ќе ја претставиме новата технологија на воздушните перничиња која ќе дебитира во С сегментот ...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

За возачот, новото перниче од воланот користи синџир систем кој го носи пониско перничето во пределот на градите и стомакот со тоа создавајќи мал „џеб“ за кој инженерите на Ford ќе го ублажи ударот на воздушното перниче во градите на возачот намалувајќи ги шансите за повреда при директен удар.

Страничните воздушни перничиња исто така работат да ги намалат повредите на возачот и совозачот со додавање на вентили за рамена кои остануваат отворни за време на надувувањето, намалувајќи го притисокот за помалите луѓе. Повисоките луѓе ќе ги блокираат овие вентили со нивните рамена и овој дополнителен притисок веројатно ќе се покаже како корисен.

Заедно со вентилите за притисок, Ford користел и адаптибилен вентилски систем на предните перничиња на страната на патникот, кој пренасочува еден дел од гасот за пумпање надвор од перничињата. Ова подобро ги заштитува патниците со зголемување на безбедноста на главата и вратот со пропорционална сила на пумпањето со големината на патникот, што се надгледува преку сензори во седиштата кои ја мерат тежината.

Како и што може да се очекува овие безбедносни подобрувања нема да бидат лимитирани само на новиот Focus. Ford тврди дека оваа технологија наскоро ќе почне да се шири и на останатите нивни модели во текот на следните години. За да видите како поточно функционира оваа технологија видете го ова анимирано видео, како и видеото од реално краш тестирање.


Ford Focus
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
a sto mu fali na segasnava generacija???? Mozebi ti falat pari da ja kupis??
Напишан од mene  пред  околу 110 месеци
da unapredeni se vo predelot na gradite sto znaci pomali sansi za povreda na patnicite,i fokusov 2011 super izgleda za razlika od aktuelnata generacija
Напишан од ma4or4e BMW  пред  околу 110 месеци
Bravos za ford kako aktivnata mnogu bitna e pasivnata bezbednost kako sto se ovie vozdusni pernicina
Напишан од deki  пред  околу 110 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Безбедност



 
 
 
 






Одберете нов автомобил