Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ       СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Безбедност > Škoda ги докажува високите стандарди за безбедност
 
Spodeli
18 September 2010, 16:19


Škoda ги докажува високите стандарди за безбедност  Škoda ги докажува високите стандарди за безбедност
Чешкиот производител, преку низа тестови на полигонот во Uhelnice, покажа колку возилата од неговата гама се безбедни за сите патници во внатрешноста...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Безбедносниот тест беше изведен преку фронтален судир на две Škoda возила. Škoda Yeti со брзина од 90 километри на час директно удри во статичниот Superb Combi. Двете возила имаа вкупно четири тест кукли кои беа врзани со безбедносни појаси. По анализата на податоците беше утврдено дека при судир со брзина од 90 километри на час, патниците во возилото ќе останат неповредени. Со овој тест се потврди високата безбедност на Škoda.

Тестот беше инспириран од реалните сообраќајни услови кои беа анализирани од тимот на Škoda Auto, Traffic Safety Research. Од фотографиите се гледа дека при брзина од 90 километри на час, целата енергија од судирот е апсорбирана од предниот дел на возилото, а просторот во внатрешноста воопшто не е деформиран. Од камерата која може забавено да го прикаже судирот се гледа дека електронските системи за безбедност навремено се активираат. Дури и пред тест куклите да почнат да се навалуваат нанапред, безбедносните појаси и воздушните перници во делот на колената и рамениците беа активни. Само 45 илјадити делови од секундата по првиот контакт на возилата, сите воздушни перници беа спремни да ја апсорбираат енергијата на патниците. Сите снимки прикажуваат дека деформирањето на возилото се случува на постепен, контролиран начин.



Според стандардите на Euro-NCAP во овој тест Superb постигна 98,25% безбедност за возрасните патници, а 100% за децата, додека пак во Yeti безбедноста за возрасните беше 99.94%, а за децата 93.19%.

Одлични резултати беа постигнати и во деталната анализа каде се мереше стресот на главата и притисокот врз градниот кош. Според Европската регулатива ЕСЕ R94, стресот на главата треба да биде максимум 80G. До оваа граница мозокот може да издржи без сериозно оштетување. Степенот на стрес на главата во Yeti изнесуваше 44% од граничната вредност на регулативата, односно ни половина од пропишаните 80G.

Во делот за притисок на градниот кош, заклучоците се слични и вредноста изнесува 35,7% од максимално дозволената, додека пак притисокот на половината е околу 20% од максимално дозволениот.

Во врска со последните активности на Škoda во делот на безбедноста, Д-р Eckhard Scholz, член на управниот одбор на Škoda одговорен за технолошки развој изјави: “Безбедноста е клучен аспект во развојот на нашите возила. Нашата цел е да понудиме безбедни и комфорни возила со атрактивен дизајн, кој во согласност со нашата “Simply Clever” филозофија е најдобриот избор за нашите клиенти. Škoda Auto континуирано работи на подобрување на безбедносните стандарди и постојано ги информира клиентите за најдобро практикување на истите”.





Стари коментари
i testov e super bravo za skoda
Напишан од eden  пред  околу 119 месеци
ODETE LECETE SE..... VAKVI KOLI ZA TIE PARI NIKADE NEMA DA NAJDETE.... NA OVIE KOLI SO VAKOV KVALITET IZGLED I BEZBEDNOST>.... MOZAT DA IM POZAVIDAT MNOGU MARKI SO "POJAK" IDENTIDET Pozdrav!
Напишан од SKODOMAN!  пред  околу 119 месеци
Do sega nemam slusnato i videno nekoj test da se vrsi so brzina od 90 km/h site testovi se so ~ 60 km/h. Testov na Skoda e prilicno hrabar, no koga imas dobar proizvod toa mozes i da si go dozvolis. Edno golemo BRAVO za Skoda, osobeno za modelite Yeti i Superb koj ke go promenat imidzot na Skoda vo +.
Напишан од Avtomobil  пред  околу 119 месеци
Haha site vozele brzo haha pa ne znam Za tebe Ali pola Narod vozi kako sopnat pozz do Rambo I vw fan
Напишан од Eden  пред  околу 119 месеци
sesto ke vidis na stranava. posle nekoj keti praj prazni muabeti! mislat ako e staro zelezo od 70-tite so golemi prednici i seta kosesta pri sudir vnatre ke pominat poubo! 'vw fan' sekoja cest za muabetot so mu go napraj! bitno e patnicite da pominat so polesno ne kolata da ostani poneostetena a vnatre mrtvi.
Напишан од rambo  пред  околу 119 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 3
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Безбедност



 
 
 
 






Одберете нов автомобил