Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ      СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Новитет > Ексклузивен, динамичен, екстравагантен – Citroen DS4
 
Spodeli
30 August 2010, 16:28


Ексклузивен, динамичен, екстравагантен – Citroen DS4 Citroën DS4 Ексклузивен, динамичен, екстравагантен – Citroen DS4
Citroen ја шири премиум гамата со новиот DS4, модел кој е базиран на С4 и кој премиерата ќе ја доживее на саемот во Париз, а ќе почне да се продава на почетокот од наредната година...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Со екстравагантен, но едноставен дизајн, DS4 е компактно решение за сите кои сакаат премиум автомобил. Креативните решенија во надворешноста и внатрешноста, доловуваат различно доживување и висок стил, достапен само кај премиум моделите.

Надворешниот дизајн, иако базиран на С4, доби некои измени кои го прават исклучително допадлив. Пошироките странични крила пополнети со 19 инчни тркала, поагресивната предна маска, динамичниот заден дел и скриените задни рачки на вратите, јасно укажуваат на стилскиот пристап во дизајнот на DS4. А дека се работи за премиум возило со висок стил, јасно станува и по погледнувањето на DS логото на предниот поклопец...



Внатрешноста настапува со уште повисок стил и екстравагантност. Погледнете го само управувачот – меснат и наполнет со цел сет на контроли, некарактеристичен за ниту еден автомобил досега. Кокпитот е изведен пак кон возачот, како кај спортските автомобили, а изборот на бои е како во највисоките класи на возила. Целата предна конзола е опшиена со кожа, што дополнително го нагласува стилот и високиот луксуз, а осветлувањето на големата инструмент табла е во сина боја.

По димензиите, тој е пократок, но поширок и повисок за 10 cm од С4, што дополнително ја нагласува робусноста и спортскиот стил, а му овозможува на DS4 посилно присуство на патот. А Citroen ветува и дека динамичниот надворешен дизајн, со лик сличен на купе, ќе биде префрлен и во возењето. Преработената платформа од С4, според инженерите, овозможува првокласни возни својства и голема забава во возењето, со целосна контрола преку управувачот.



А секој знае дека за забавно возење, потребни се и добри мотори. DS4 не заостанува ни тука – нуди два дизели и три бензинци, со сила од 110 до 200 КС. Дизелите, кои ќе нудат одличен компромис меѓу перформансите и потрошувачката, се застапени со изведби од 110 и 160 КС. Бензинците, пак, ќе бидат застапени со основниот, атмосферски 1,6 со 120 КС, и турбо изведбите со 155, односно 200 КС. Токму овој последниот е новитет во гамата и е последната изведба на напредниот 1,6 турбо мотор, конструиран во соработка со BMW. Најслабиот дизел мотор, пак, ќе се нуди со micro-hybrid e-HDI технологијата со Stop&Start систем и систем за регенерација на енергијата...

Надворешните димензии на ниво на компактните автомобили, ветуваат и високо ниво на простор во внатрешноста. И покрај купе изгледот однадвор, DS4 има целосно пространа задна клупа и солиден багажен простор од 370 литри. А дека високо внимание е посветено на целосниот комфор на патниците, доказ се и новото повеќеслојно стакло и заштитата на делови од каросеријата, кои ги намалуваат звуците од надворешноста, како и новите апсорбирачки, амортизациони материјали во моторот, кои ги намалуваат звуците и вибрациите.

Citroen DS4, премиерата ќе ја доживее на саемот во Париз кон крајот на месецов, кога ќе бидат познати и целосните детали. Продажбата почнува до година, по засега непознати цени.


Citroën DS4
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
Koga bugarskite proizvodi ke bidat pokvalitetni od Evropskite, togas i francuskite ke se pokvalitetni od Germanskite. Znaci da rezimirame...NIKOGAS
Напишан од Koku  пред  околу 109 месеци
KOLKU SO PROCITAV I OVA KJE VOZI BMW MOTOR...ZNACI OD KOLAVA KJE IMAME SAOM FRANCUSKI SARM SO GERMANSKO SRCE...A BEZ SRCE NE SE ZIVEE :)
Напишан од Golf  пред  околу 110 месеци
ZORAN NE KOVNAL DOLGO VREME PA SVOITE FRUSTRACII GI ISFRLA TUKA. SEDI DOMA I SE NERVIRA KOJ E PODOBAR DALI FRANCUZITE ILI GERMANCITE.... hahahahahahaahha
Напишан од milan  пред  околу 110 месеци
Zoran mnogu ubav recnik imas, kako si vospitan taka valjda i avtomobili kupuvas. Skraja i daleku da e ako takvi kako tebe kopiljaci gi falat Citroenite. Se gleda skoloto tvoe, pa i kolku razbiras. Neznam od koga deca od ulica kako Zoran davaat komentari za nesto?!!
Напишан од Kole  пред  околу 110 месеци
Smetam deka e dobar model i vo zivo ke bide uste poubav.Ke vidime kako ke se pokaze dosega citroenite se super i ovaj model trebada uspea ama cenata ako bidi do kaj 15000 ako e okolu 20000 togas malku potesko
Напишан од Gogi  пред  околу 110 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 10
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Новитет



 
 
 
 






Одберете нов автомобил