Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ТЕМА        КОЛУМНА        ТЕХНОЛОГИЈА       ИНТЕРВЈУ       ИСТОРИЈАТ        ФОТО НА ДЕНОТ        ИНФО       ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ       ВИЕ КАЖАВТЕ
Насловна > Новости > Прашања и одговори > Прашање од читател: Плински уред во Polo 1.4?
 
Spodeli
26 August 2010, 08:48


Прашање од читател: Плински уред во Polo 1.4? Volkswagen Polo 2009 Прашање од читател: Плински уред во Polo 1.4?
На Ваше барање, koli.com.mk ќе почне да одговара на најинтересните прашања поставени во врска со автомобилите...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Ова прашање го постави Цветан Стоименов, а гласи:

Здраво koli.com.mk, редовно го следам вашиот сајт и секогаш имате добри содржини, продолжете така. Имам едно прашање, односно барам совет од Вас. Имам Volkswagen Polo 1.4 бензинец од новите модели. Ме интересира вашето мислење во врска со вградување на плински уред, дали да вградам, да не има некакви последици...?

Одговор:

Цветан, за твоето возило, импортерот за возилата на Volkswagen во нашата земја, „Порше Македонија“, вградува фабрички плински уред. Со овој уред, целосната гаранција на автомобилот си останува, а сервисерите гарантираат дека тој нема да претставува никаков проблем за моторот. Истиот уред, успешно е вграден кај многу таксисти во моделот Octavia, кој има мотор многу сличен на оној во твојот автомобил. Исто така, на западните пазари, Volkswagen нуди фабрички bi-fuel модел од Polo, кој има погон и на бензин и на плин. Овој модел е погонуван токму од 1,4 литарскиот бензинец!

Наш совет е да избегнеш вградување на плински уред на некое друго место. На тој начин, гаранцијата на автомобилот веќе нема да важи, бидејќи во автомобилот се вградени делови кои не се од VW, а работата е извршена од неовластени лица без надзор од „Порше Македонија“.

Цената на уредот во „Порше Македонија“ изнесува околу 950 евра, на што треба да додадеш уште околу 4.500 денари за атест на Машинскиот Факултет во Скопје. За дополнителни информации, најдобро би било да се обратиш кај импортерот.


Volkswagen Polo 2009
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
dovolno e sto pinot ne mozes da go mesas so VODA kako sto go mesaat benzinot.....
Напишан од B.S.  пред  околу 107 месеци
site se ekonomicni ako stojat vo garaza!
Напишан од savo  пред  околу 108 месеци
нели беа економични овие фолсвагениве? шо ке им е плин
Напишан од tocka  пред  околу 108 месеци
Неколку факти за ТНГ(течен нафтен гас). Состав - пропан ,бутан. Октански број - 108 (при смеса од 60% пропан-40%бутан). Ниска точка на испарување = подобро мешање со воздухот и широк опсег на запалливост што овозможува помирна работа на моторот и работа со посиромашна смеса. Не создава кондензација на гориво на ѕидовите од цилиндарот со што го продолжува работниот век. Помала топлотна вредност = поголема потрошувачка (околу 10%). 30% помала емисија на CO2 од бензинот и 20 ПАТИ помалку NOx од диз
Напишан од Кире  пред  околу 108 месеци
na stranicava gledam ima i takvi koj vozat na plin , i jas sum eden od niv , ne e rabotava deka se e idealno si ima iplinot maani , tie se navedeni vo predhodnite komentari zatoa se tuka za da se procitaat , aistovremeno da mu pomogneme na covekot sto go postavi prasanjevo ,so nasi sugestii , iuste ednas motorot so plin gubi nesto od silata , komu ne smeta OK
Напишан од fxx  пред  околу 108 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 5
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Прашања и одговори



 
 
 
 






Одберете нов автомобил