Во своето писмо доставено до Комитетот за климатски промени, посочија дека ако Велика Британија ги замени сите 31,5 милиони автомобили со електрични варијанти, тогаш само тие електрични автомобили ќе бараат двојно поголема количина на кобалт отколку што се произведува годишно на целата планета.
Задржувајќи се повеќе на тековната батериска технологија наречена 811-80% никел, 10% кобалт и 10% манган. Според нивните пресметки, ако целосно се префрлат на електрични автомобили, што и е планот на британската влада, само Обединетото Кралство ќе го потроши глобалното годишно производство на неодимиум, 3/4 од светското производство на литиум и најмалку половина од светското производство на бакар.
Тим од осум научници, меѓу кои и професорот Ричард Херингтон, раководител на Одделот за геологија во Природонаучниот музеј во Лондон, наведува многу интересни податоци. Ако Обединетото Кралство сега ги замени сите автомобили со електрични модели, тоа би ги чинело: 207.900 тони кобалт, 264.600 тони литиум карбонат и најмалку 7.200 тони неодимиум и диспропорција и 2.362.500 тони бакар.
Професорот Херингтон вели дека Британците годишно купуваат околу 2,5 милиони нови автомобили. Ако сите овие автомобили се електрични, истата количина на колбат за ЕУ на годишно ниво ќе е потребно да се задоволи британскиот пазар. Научниците предупредуваат дека таквата конзумација на кобалт ќе предизвика вистинска еколошка катастрофа кога станува збор за неговото ископување.
.jpg)
Научниците се загрижени и за потрошувачката на енергија потребна за да се извлечат потребните материјали за електрични автомобили. Нивната проценка е дека за екстракција на метали само за батерии "ќе чини" 22,5 TWh (TeraVat часа) што е околу 6% од вкупната електрична енергија произведена од Обединетото Кралство на годишно ниво.
Покрај тоа, не е можно да се наполнат толку електрични автомобили поради помалите капацитети на електрична енергија. Научниците проценуваат дека електричните автомобили во Британија ќе им е потребно 63 TWh електрична енергија годишно, што претставува зголемување од 20% во однос на производството денес.
За таа разлика на енергијата да биде еколошки прифатлива, потребно ќе е да се фокусираме на обновлива енергија како на пример, ветерниците. Ветерниците за да го надохнадат потребниот капацитет на електрична енергија, потребни ќе се 6.000 турбини, што само по себе е огромна одговорност.
Професорот Херингтон истакна дека на сите ни е јасно дека емисиите на штетни гасови мора да се намалат, но неопходно е да се разбере дека префрлањето на алтернативни горива не е без никаква цена и дека е потребно време целото општество да се прилагоди на таквата реалност, транзицијата кон "зелената" економија чини многу.
|