Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
 
Насловна > Новости > Електрични автомобили > Дали Tesla е осудена на пропаст? Еве како сонот за електрични автомобили ќе се сруши како кула од карти
 
Spodeli
03 June 2019, 13:17


Дали Tesla е осудена на пропаст? Еве како сонот за електрични автомобили ќе се сруши како кула од карти  Дали Tesla е осудена на пропаст? Еве како сонот за електрични автомобили ќе се сруши како кула од карти
Tesla комплетно го промени автомобилскиот пејсаж со промовирањето на Roadster, пионерскиот електричен автомобил, на пазарот. Беше продаден првиот на широко достапен Електричен автомобил. Компанијата има направено повеќе од било кој за понатамошен развој и заслужува целосно признание за воведување н...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Последниот главен производител на автомобили што беше лансиран од нула во САД беше Saturn, силно поддржан од семејството на GM. Иако поддржан со такви ресурси, пропадна. Историјата е окупирана со пропаднати автомобилски брендови. Списокот на „изумрени“ автомобили, исто така, е исполнет со визионерски лидери кои беа пионери во воведување на нови технологии со цел да доминираат во светскиот луксузен пазар.

Може да се каже дека сме го виделе ова и претходно. Hudson, Tucker, DeLorean (дури два пати!), Packard, и многу други. Приказните тука варираат и се различни. Додека едни пропаѓаат поради сомнителни договори со државите, други ја губат битката во цените. Иако причините за нивниот пад се различни, пропаста е иминентна и заедничка.

 

Тешки се битките во автомобилскиот свет. Тајната е што големите брендови прават само 6% маргина на секој продукт што ќе го продадат

Конзумерската битка е ѓаволски исцрплива. Фактот што големите брендови добиваат само 6% профит од секој продаден автомобил, што е патетично во споредба со добро познатите Apple, Nike итн. Чевлите, високата електроника и забавата (како и голем број други индустрии) нудат двојно зголемување на профитните маржи, побрзо време на производство, помалку регулација и помалку работна сила. Прозведувањето автомобили е неисплатливо. Автомобилските компании прават профит од милијарди долари, не заради високата профитабилност по автомобил, туку поради бројот на продадени примероци.

 

Зашто компанијата Tesla е осудена на пропаст?

Единствениот начин да се биде успешен во бизнисот со автомобили е да се оди на големо. Мора да продадат стотици илјади, ако не и милиони автомобили годишно за да бидат стабилни. Во 2018 година, Tesla продадоа вкупно 245.240 автомобили. Моделот 3, исто така, стана најпродаван луксузен автомобил во САД; минатата година беше фантастична за компанијата. Исто така, ја донесе компанијата на самиот раб на имплодирање.

Зголемувањето на производствената, а со тоа и продажната линија на автомобили е она што ја убива компанијата. Големата иронија е што само дополнителното зголемување на таа линија само може да ја спаси од нејзин колапс. Достигнувањето ниво со кое Tesla можат да произведат и 300,000 автомобили ја прави компанијата непрофитабилна, а единствениот начин да направи профит е ако производството го зголемат и на 700,000 па и еден милион автомобили.

Најголемиот непријател на Tesla, всушност, е нејзиниот основоположник и сопственик - Elon Musk. Тој, како и нему слични, има синдром за амбициозност. Познат по својата љубов кон бркање предизвици, тој произведува 3 различни автомобили, ѕидни полначи, станици за полнење, електрични полу-камиони, фотоволтаични покриви и предводена автономна технологија. Вклулувајќи ги чудниот фрлач на пламен, подземните тунели и новиот осигурителен производ (а да не го спомнуваме Space X), и добивиате лидер кој не е фокусиран на вршењето на напорна работа за истуркување на неговата компанија од криза, туку човек опседнат со други иновации.

Битно е да се напомене дека Маск нема особено искуство на оддржување компанија од овој калибар. Водењето на онлајн сервис како Paypal е многу поразлично од водењето мултинационален автомобилски бренд. Очигледно, Маск не е квалификуван да биде извршен директор на компанијата, а не совпаѓањето на неговите таленти со потребите на компанијата, му дојдоа во најлош момент.

 

Зголеменото производство е тоа што ја убива Tesla, но понатамошното зголемување е единствениот спас

Во следните 12 месеци, практично сите други големи глобални производители на автомобили планираат да ги промовираат своите електрични автомобили. Tesla го промовираше минатата година, кога стана најпродаван луксузен автомобил, но во тоа време, тоа беше единствено електрично возило. По загрижувачки, најчестите жалби на сопствениците на Tesla се случиле во областите каде што традиционалните автомобилски компании се извонредни: Fit and finish, услужната инфраструктура и извршувањето на временските рокови. Кога Porsche  го најави својот седан Taycan, неговиот # 1 извор на резервации беше од актуелните сопственици на Tesla. Ова е сигурен знак дека клиентската база на Tesla е желна да се надгради на нешто подобро.

Кина како најголемиот светски пазар за автомобили, и спасител на многу светски брендови, не може да ја спаси Tesla. Навистина, сегашната трговска војна меѓу САД и Кина му наштетува на Tesla  повеќе од која било друга компанија за автомобили. Сегашната цена за Tesla Model 3 во Кина е околу 73.000 американски долари, со околу 30.000 долари од таа цена што е резултат на увозните тарифи на Кина. Во јануари, Елон Маск инвестираше на Gigafactory во Кина, а вкупната инвестиција во проектот се очекува да надмине четири милијарди долари, според Голдман Сакс. Тоа е голема сума која Tesla не може да си ја дозволи. По катастрофалниот прв квартал од 2019 година, компанијата брзо подигнала 2,35 милијарди долари во акции и долг. Дури и со оваа неодамнешна парична инекција, Маск им кажа на вработените дека компанијата ќе биде без пари во изминативе 10 месеци, ако трошењето продолжи на сегашното ниво.

 

Крајот на Tesla 

Компанијата моментално е добро пласирана и може да обезбеди ресурси барем за уште две - три инвестиции пред инвеститорите прекинат. Tesla нема да банкротира, барем не во блиска иднина. Но нејзиниот колапс е неизбежен, Tesla веќе не е единствен произведувач на електрични автомобили на пазарот, а Волстрит полека губи доверба и трпение со неисполнетите ветувања и несоодветното однесување на извршниот директор.

Tesla сепак претставува ценет бренд и нема туку така да исчезне, а и историјата вели дека тоа нема да се случи. Голем дел од големите брендови од минатото спасот го најдоа во апсорбирањето во поголеми брендови.

Крајот за Tesla е аквизицијата. Таков е патот низ автомобилската џунгла - кругот на корпоративниот циклус. За сега непознато е кој ќе биде наследникот на Tesla, а листата е прилично долга. Silicon Valley и кинеските автомобилски произведувачи се веројатни можности. Apple уште во 2013та понуди да ја купи компанијата за повеќе од проценетата вредност во тоа време. 

Кој и да биде, нема да биде означено како потполно превземање. Ќе се работи за „соработка“ или „соединување“ на компании со цел да се заштити егото и имиџот на компанијата, која, сепак има висок статус кај клиентите. Вест околу спојување со Toyota или Mercedes не би се видело како спојување заради добра волја, туку комплетно распуштање од компанијата. Маск тивко ќе исчезне во својата потрага по „сјајни работи“, појавувајќи се на промоции на новитети, додека „возрасните“ ќе ја превземат работата во своите раце во однос на финансиското работење на компанијата. Што точно ќе биде, не се знае со сигурност.

Но да не грешиме душа, светот е многу подобар со Tesla во него. Електричните автомобили веќе не се прават од старо Porsche 914s, одиме кон една возбудлива електрична иднина, и тоа е се благодарение на визионери како Маск, кои и не излегуваат на пазарот како фаворити. Приказните што кружат за успехот, па и неуспехот на такви визионери се од големо значење за светот, особено за Американците. На крајот, таквите можат да ги советуваат големците како Toyota и кинеските произведители за усовршување на продуктите и достапноста до клиентите. Да се надеваме дека сето тоа ќе помине како што треба, за доброто на сите.





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Електрични автомобили



 
 
 
 






Одберете нов автомобил