Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Премиерa > Peugeot го најави својот нов SUV модел 4008 за наредната година
 
Spodeli
30 May 2019, 10:02


Peugeot го најави својот нов SUV модел 4008 за наредната година Peugeot 4008 Peugeot го најави својот нов SUV модел 4008 за наредната година
Поради успехот на пазарот постигнат на моделите 2008, 3008 и 5008, Peugeot планира да го лансира и четвртиот SUV модел, чиј изглед ќе има повеќе спортски карактеристики. Името што ќе го носи овој модел е 4008, а неговото деби се очекува да биде во 2020 година....
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Поради успехот на пазарот постигнат на моделите 2008, 3008 и 5008, Peugeot планира да го лансира и четвртиот SUV модел, чиј изглед ќе има повеќе спортски карактеристики. Името што ќе го носи овој модел е 4008, а неговото деби се очекува да биде во 2020 година.

Инспирирани и од успехот што го постигна BMW со купе кросоверите, францускиот „новак“ ќе се базира на моделот 3008, со проширена и паѓачка кровна линија, поостри линии и помали стаклени површини.

Ќе поседува голем број на уникатни стилски детали, како што се светла во облик на сечила со LED технологија, по агресивни ладилници и препознатлив единечен сет на врвни светла. Елегантниот профил на новиот 4008 ќе понуди поатрактивен стил од класичниот кросовер, со цел да се натпреварува со се' поголемата конкуренцијата.

Во интервју со медиумите, првиот човек на Peugeot, Жан Филип Инпарато истакна дека го исполнува своето претходно ветување дека на пазарот за наредните две години ќе се врати со пет нови кросовери, од кои три ќе бидат за европскиот пазар, додека два ќе бидат за кинескиот. Импапато, исто така, инсистираше на тоа дека сите нови модели на ќе имаат иновативен i-Cockpit, со високо квалитетни дигитални инструменти и скромни управувачи. Значи, 4008 ќе го наследи концептот на кабината од 3008, со пониско позиционирање на воланот што треба да обезбеди спортско искуство.

Новиот 4008 би требало да обезбеди место за превоз на пет патника. Како и кај моделите 3008 и 5008, ќе се базира на најновата модуларна EMP2 платформа што ја користат возилата на PSA групата. Сепак, инженерите напорно работат за да го направат моделот 4008 што по забавен за возење.

Опсегот на достапни агрегати започнува со три цилиндричен турбо бензински PureTech, четири-цилиндрични опции од 1,6 и 2,0 литри во BlueHDi издание. Бензин THP, 1.6-литарска единица ќе се користи за овој модел, како и за DS 7 Crossback.

Две хибридни верзии, исто така, ќе се најдат на листата. Ќе се базираат на наведениот THP агрегат со волумен од 1,6 литри. Послабата верзија ќе има моќност од околу 240 "коњи", исто така, ќе користи електричен мотор монтиран на предната оска, додека GT ќе има монтирана електро-асистенција на двете оски, овозможувајќи моќност од 300 коњски сили.


Peugeot 4008
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Премиерa



 
 
 
 






Одберете нов автомобил