Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ВОДИЧ ПРИ КУПУВАЊЕ НА АВТОМОБИЛ              КОРИСНИ АВТО - СОВЕТИ        СОВЕТИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ        ТОП 5
Насловна > Новости > Совети за безбедност > Купувате половен автомобил? Еве случаи кога е препорачливо да се откажете
 
Spodeli
28 May 2019, 11:51


Купувате половен автомобил? Еве случаи кога е препорачливо да се откажете  Купувате половен автомобил? Еве случаи кога е препорачливо да се откажете
Купувањето половен автомобил може да биде паметна одлука, особено од финансиска гледна точка. Ќе добиете превоз за многу помалку пари. Но постои тука едно големо „Сепак“...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Компонентите на новите автомобили се недопрени кога станува збор за абење и нивно трошење. Постарите, од друга страна, се со "по богата историја". Иако повеќето од користените автомобили се сосема во ред, постојат работи кои треба да бидат проверени при купување, така што "поволната финансиска трансакција" нема клиентот да се „изгори“.

На што треба да се обрне внимание:

 

Прекумерна корозија

Речиси сè во автомобилот може да се поправи или да се замени. Се разбира, прашањето што се поставува е "дали ова правило ќе биде универзално "?

Кога зборуваме за прекумерна корозија, одговорот е многу често "не". Иако панелите може да се заменат, таквите интервенции се скапи и обично бараат многу време. Корозијата на носачот на рамката на шасијата значи дека тој е „трул“, а сепак претставува основа на возилото. Неговата замена, дури и кога се заменува само дел, е многу скапа, со ризик од недоволна тежина на целокупната конструкција на автомобилот. Се разбира, во автомобилот што се користи, се очекува присуство на корозија, но се посветува посебно внимание дали е огромно и дали води кој излушпување на возилото. Избегнувајте корозивни автомобили на клучни места. За да се поедностави, може да помине мала корозија на подот, но доколку е автомобил што Фред Кременко може да го вози, подобро избегнете го.

 

„Хорор“ внатрешност

Купување на возило што „мириса“ е лоша идеја прво од аспект на неудобност, а багажник што изгледа како да е користен за „градежни цели“ е апсолутен знак дека нешто не е во ред.

Избегнувајте да купувате автомобил со мрсна внатрешност, бидејќи тоа е јасен знак на "поплава". Ако автомобилот е поплавен, тоа се третира како вкупна штета, бидејќи водата ги уништува сите системи на возилото, од механички, преку електрични, до внатрешни работи. Секој обид за поправка на такво возило е непрактичен од финансиски аспект.

 

Нова боја или несоодветна нијанса

Свежо варосана дневна, или спална соба изгледа спектакуларно. Но во случајот со автомобили, тоа не е така едноставно. Постои ризик да станува збор за намерна камуфлажа бидејќи очигледно возилото е претходно поправано од удари. Тазе фарбан автомобил можеби изгледа примамливо но може и да донесе до поголеми главоболки. Совет е испита исправноста и цврстината на возилото во целост, како и деловите што се фарбани.

 

Предупредувачки светла

Сигурно доста често се избегнува таа „check engine“ ламбичка. Доколку се' оди „под конец“ со возилото, лесно е се игнорира светлото на лампичката која сигнализира дека нешто не е во ред. Често тоа може да биде само лош сензор, или фактот дека резервоарот не е баш добро проверен.

Доколку сте во мисли да купите возило чија инструментална табла личи на божиќна елка, подразмислете. Точно е дека може да станува збор за некој банален проблем, но опасноста е дека може да се работи за нешто енормно. Ако веќе сте „фрлиле“ око на автомобилот, препорачливо е некој искусен механичар да го „ѕирне“ возилото претходно.

 

Нов или несоодветен тепих

Уште една индикација дека возилото било потопено е несоодветен тепих, или сменет.

Во главно новиот тепих во половно возило може да биде голем плус, но битно е детална проверка да не станува збор за прикривање нешто посериозно. Некои продавачи имаат навика да сменат тепих со цел да се истера мирисот од претходно појавен проблем.

 

Продавачот кој настојува да контролира сè

Секој што продава автомобил сака да го покаже во најдобро светло својот автомобил, тоа е логично. Сепак, купувачите треба да бидат претпазливи на продавачи кои се обидуваат да го контролираат секој можен аспект на возниот тест или оние кои не се согласуваат на тест возење.

При тестирање на користен автомобил, треба да се тестира во различни брзини и режими на возење. Возете го во различни ситуации, по автопат, одете низ градот "од семафори до семафори", и пожелно е да одите на различни видови правци. Пазете се од продавачи кои очигледно се обидуваат да ја контролираат патеката или директно или индиректно да ве спречуваат да користите одредени системи како што се аудио уреди, климатизери, грејачи и слично. Многу е можно тие да сакаат да сокријат маана на возилото.

 

Продавач кој одбива проверка на возилото

Проверката на возилото од доверлив механичар е нужна. Не треба ни да се размислува за тоа, без оглед на цената.

Секој чесен продавач ќе дозволи проверка на возилото. Доколку не се согласува, или инсистира тоа да биде сторено од негов човек, подобро е да се бара друга опција на друго место.

 

Прениска цена

Често се прашуваме кога цената станува алармантно ниска.

Во принцип, може да станува збор за доста поволна понуда за апсолутно поволен автомобил, но тоа е ретко и поголем е ризикот продавачот да сака што побрзо да се „ослободи“ од возилото поради негова критична состојба. Доколку не сте согласни на понатамошни инвестиции во поправки, подобро избегнете ваков случај.

 

Нецелосен договор за купопродажба и договор за пренос на сопственост

Кога автомобилите се во прашање, потребен  е доказ дека тој е во ваша сопственост за законски да го продадете. Доколку наидете на продавач чие возило не е во негова сопственост, или поседува сомнителни документи, продолжете понатаму.

При купувањето на старо, веќе регистрирано возило, преносот се врши исклучиво со лицето споменато во сообраќајната дозвола или овластено лице, со склучување на договор за продажба преку потпишување кај нотар, општински или судски службеник. Договорот за купување на автомобили (моторни возила) е единствен и можете да го преземете од интернет.

 

Сервисирање

Друга важна работа е сервисирањето на возилото. Приоритетно е при купување да не добиете возило што е потенцијално опасно за безбедноста.





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Совети за безбедност



 
 
..........
 
 






Одберете нов автомобил