Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ТЕМА        КОЛУМНА       ТЕХНОЛОГИЈА       ИНТЕРВЈУ       ИСТОРИЈАТ        ФОТО НА ДЕНОТ        ИНФО       ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ        ВИЕ КАЖАВТЕ
Насловна > Новости > Колумна > Како до поголема заштеда на гориво?
 
Spodeli
28 May 2019, 10:31


Како до поголема заштеда на гориво?  Како до поголема заштеда на гориво?
Полнењето на резервоарот на возилото денес не е евтина работа, особено ако се земе во предвид стандардот на населението. Од другата страна, пак, што повеќе се вози, поголемо е загадувањето. Дури иако не станува збор за еколошки приоритети, заштедата е империтив доколку се сака да се заштеди и некој...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

За жал, не сите методи за заштеда на гориво функционираат. Промената на филтерот за воздух, нема да промени ништо, исто како и полнење на резервоарот "до врв" наутро, кога температурата на воздухот и горивото се пониски. Во прилог се наведени некои корисни совети за тоа како да се заштеди.

 

Избегнувајте возење на „Лер“

Кога ќе застанете во сообраќајот или додека одите на работа наутро, особено кога е ладно надвор, држењето на моторот во лер возилото остава траги од гориво, но и всушност не е добро за самиот агрегат. Се разбира, советите се разликуваат, во смисла дека е подобро моторот да биде исклучен или да го оставите да работи кога возилото не е во движење. Некои велат дека ако моторот е во лер повеќе од десет секунди, подобро е да го исклучите пред тргнување. Други велат дека минута е во ред, а потоа "фрла" гориво. Без разлика дали се работи за "краток" или "долг" режим, изненадувачки е колку често всушност тоа се случува.

Навиката да се остави моторот да работи во место одреден период со цел да се загрее, е апсолутно не продуктивно. Всушност возилото најдобро и побрзо се загрева кога е во движење, а со тоа и се загреваат и останатите погонски делови, како и маслото во менувачот.

Ова се однесува кога станува збор за возење во зимски услови. Кога се работи за лето, препорачливо е да се избегнува работење на клима уредот и да се практикува повеќе „проветрување“. Постојат доста дискусии за тоа дали е поисплатливо и подобро да се користи клима уредот, или не. Додека уредот е вклучен, влече повеќе сила од моторот, со што се троши и повеќе гориво, додека пак отворените прозорци го зголемуваат воздушниот притисок.

Без разлика на типот на возилото, во главно препорачливо е повеќе да се користи проветрувањето кога се вози во гратски услови. Додека на автопат е подобро да работи клима уредот.

 

Возите 90

Брзото возење е непријтел на заштедата. Можеби доста побргу се стигнува до дестинацијата, но потрошувачката на горивото се зголемува за 15% повеќе отколку ако се вози на пример со 90 километри на час. Секако, просечната брзина изнесува 90 км/ч, суштински е комплицирано да се пресмета минимална потрошувачка. Идеалното гравитира меѓу 65 и 90 км/ч. Со тоа што горната граница е подобра за спортските возила, додека долната граница за товарните.

„Манијачко“ возење.

Кога светлото на семафорот се менува, отпуштете ја малку сопирачката, оставете возилото да се придвижи по инерција пред повторно да притиснете на педалот за гас.

Не е препорачливо нагло забрзување и остро закочување, тоа го уништува горивото.

Кочењето сано по себе не придонесува за повеќе трошење гориво. Проблемот е што се користи за смалување на растојанието меѓу возилото и ситуацијата кога тоа всушност мора да застане. Наместо да се држи ногата на папучата за гас, подобро е да се остави возилото по инерција да се доближи до моментот кога треба да се притисне на кочницата.

Некои оваа „мерка за заштеда“ ја носат и во екстреми, со што успеваат да стигнат до потрошувачка дури до 2,5 литри гориво на 100 километри. За што точно станува збор:

 

Во потрага за екстремно ниска потрошувачка

Некои од претходните совети беа со цел да минимализира потрошувачката на гориво, но „вистинските“ мерки ги надминуваат границите на едноставните техники како што се возење по инерција во случаи каде што е можно и избегнување да останете во "лер". Меѓутоа, за да се постигнат екстремни резултати, додуша потребни се и неконвенционални возила, па откако сопственикот на Honda Insight  од 2000 година успеа да постигне потрошувачка од 2,7 литри гас на 100 километри, по што беше разочаран.

Една од методите за заштеда е возењето зад огромни возила. Додека е прилично опасно тоа, се намалува отпорот на воздухот. Еве некои од вообичаените начини на кои "тактните фанатици" ги постигнуваат своите цели:

  • Постојано возење со брзина од 90 km / h на автопат, дури и кога е под ограничената брзина
  • Избегнување на клима уред, со затворени прозорци. Дури и кога надвор е „пекол“
  • Исклучување на моторот на семафор
  • Замена на гуми за да се намали отпорот
  • Крстарење со исклучен мотор
  • Следење на возило на мала оддалеченост

Значи, техниките се разликуваат од прифатливи за многу опасни, па затоа не ве советуваме да влезете во секторот "екстремни заштеди".

Стилот на возењето сигурно има големо влијание врз потрошувачката, но што друго може да се направи за да се добие уште некоја дополнителна милја?

 

Празен багажник

Кога нема потреба багажникот да е полн, извадете се' надвор. Поголемата тежина на возилото влече поголема сила од моторот, а со тоа и троши повеќе гориво. Тоа е и базична причина поради која произведувачите на автомобили претендираат да користат полесен материјал со што би се намалила потрошувачката без дополнителни модификации.

 

Прилагодување

Оддржување на моторот е клуцијално за пониска потрошувачка. Навременото сервисирање, прилагодување на палењето, менувањето на улјето и тн. придонесува за пониска потрошувачка.

 

Гуми

Гуми кои не се доволно напумпани создаваат поголем отпор и на тој начин ја зголемуваат потрошувачката на гориво за 3 проценти или повеќе. Проверувајте го притисокот најмалку еднаш месечно и додадете воздух кога е потребно.

Трикот со гумите е дека притисокот да е колку што е можно поголем, но да не дојде до пренапумпување. Додека повеќе напумпани гуми може да ја намалат потрошувачката на гориво, оваа практика носи поголем ризик од нивно пукање, како и потешко кочење. Се разбира, безбедноста е во преден план.

Соодветното одржување на возилото ќе донесе значително заштедување на горивото на долги патеки, но некои возачи ќе почнат да инвестираат повеќе во автомобилот за да платат подоцна.

 

Инвестирање во возило со ефикасно користење на горивото

Факт е дека секој не може да си дозволи нов автомобил. Многумина би сакале да го ослободат стариот "крш" и да поседуваат посовремено возило.

Дизелите, хибридите и електричните возила трошат помалце, иако се на лош еколошки глас и веќе на пат да станат историја. Во главно, преминот од возило што троши 12 литри на возило што троши 8 може да заштеди и до 500 евра годишно. Како што цените на горивото растат, така и заштедата ќе се зголемува.

 

Возете поретко

Секако, најмалку троши возилото што и не се користи. Се што се коси со реалната потреба од возило, и може да се заврши со пешачење или користење на јавен превоз, е добредојдено. Не само што се заштедуваат пари, пешачењето или користење на друго превозно средство како велосипед и слично е добро и за здравјето.





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Колумна



 
 
..........
 
 






Одберете нов автомобил