Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА      НОВИТЕТИ       СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Македонија > 24 прашања по повод Porsche Road Experience
 
Spodeli
25 May 2019, 13:50


24 прашања по повод Porsche Road Experience  24 прашања по повод Porsche Road Experience
По повод тест возењето со работен назив "Porsche Road Experience", кое се случува еднаш годишно, за годинашнава објава се решивме да ја направиме во формат прашања / одговори....
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

 Бидејќи не може сами на себе да си поставуваме прашања, дадовме задача на наши пријатели, вљубеници во автомобилите, особено на спортските автомобили да прашаат нешто што би ги интересирало, онака, на прва рака.

Па, Антонио од koli.com.mk кажа што мисли на тие прашања.

Што е Porsche Road Experience?

Годишен настан, каде од централата на Porsche се организира тест возење со повеќе модели, наменето и за потенцијални купувачи, и за новинари. Рутата ги покрива сите земји, секако и Македонија.

Кои модели ги возевте?

Официјално: 4 спортски модели, една спортска лимузина и два SUV - помалиот Macan и врвот во SUV понудата Cayenne Turbo

  • Porsche 718 Cayman T PDK
  • Porsche 718 Boxster GTS PDK
  • Porsche 911 Carrera S
  • Porsche 911 Carrera 4S
  • Porsche Macan S
  • Porsche Panamera Turbo S-E Hybrid
  • Porsche Cayenne Turbo

 

Каде ги возевте?

Турата беше од салонот на Porsche до Галичник скоро, на Бистра. Малку чудно, но кога се нема некоја тркачка патека, се нема многу избор. Малку необично беше да се види Porsche паркирано на трева. Го сликаш, а во позадина планина, и зеленило. Чудно, ама убаво, егзотично.

 

Porsche е, се вози ли брзо?

И да и не. Ваквите тури се класично германски организирани, се вози во колона, многу внимателно, со многу ред и правила, без престигнување. Да, возиш Porsche, но внимателно. И организирано до бескрај, се со крајна цел - високо ниво безбедност. Се супер во врска со безбедноста, но малку е тешко да возиш Porsche така, со ограничувања. 

Дали и за SUV моделите на Porsche го делиш мислењето дека се досадни за возење? Како што вообичаено важи за речиси поголем дел од SUV моделите?

Не. Напротив. Ретко се случува да возиш SUV, а да го немаш тоа чувство на волан дека возиш тежок автомобил, повисоко поставен. Нема чувство на страв да влезеш побрзо во кривина. Не дека секојдневното возење е трка, но одредена група на возачи, особено тоа би биле потенцијалните купувачи на Porsche, сигурно им значи тоа. Посигурен автомобил во кривина не значи само побрз, туку и побезбеден. Во поекстремна ситуација, кога би имало потреба од реакција со повисок интензитет, поцврст автомобил секако е побезбеден.

Новиот Cayenne?

Веројатно најдобриот спортски SUV во моментов. Не се чувствува неговиот габарит, немате чувство дека сте во SUV. Со овој мотор - 4,1 секунди до 100 Km/h и 286Km/h макс, брзина.

Кој модел ти остави најсилен впечаток?

Тоа е тешко прашање. Секој си носи нешто свое. И зависи од намената. Генерално, old-school моделите на Porsche, она што го знаеме дека е Porsche, спортски двосед (независно, има и со 4 седишта), е суштината на Porche. За разлика од некои други спортски купеа, некои модели на Porsche може и да бидат секојдневен или викенд автомобил. Брз, спортски, агилен, но се уште доволно комфорен да одиш и со него од точка A до точка B. Чудно е да видиш Porsche со 2.0 мотор кој е тивок, но, замислете, да сакате да го возите секој ден, и да имате буџет за тоа, можеби тоа дека е посмирен и потивок, а сепак е Porsche, некому може да му се допадне и да сака го купи.

Инаку, прва асоцијација за Porsche е Carrera, и веднаш на ум паѓа 911, посебно вака кога има нов модел. Ако од сите овие треба еден да се одбере, секако дека 911 би бил изборот, или по ново, со ознака 992.

Кој е најскап?

Pananera Turbo S-E Hybrid, за точната цена во Македонија, подобро да прашате во Porsche Македонија.

Кој има најсилен мотор?

Panamera, комбинација со елекктричниот заедно, вкупно 680 КС.

Најбрз од овие? До стотка

Можеби звучи чудно, но тоа е Panamera - 3,4 секунди. Сепак, Turbo S-E Hybrid-от е со 680КС вкупно

Зошто не зборуваш за бројки?

Не ги сакам бројките, не мора да се троши простор и време за бројки. Реално, бројките може и да лажат. Она што е вистинско е чувството. Може автомобил да не е многу долг, а да е комотен, и обратно, да има должина а да не е добро искористен просторот па да нема место за нозе или за оставање на ситници... Во контекст на Porsche моделите, дали забрвузал за 0,2 секунди побрзо или поспоро од некој друг, тоа реално и не се чувствува. Доволно се брзи.

Еве и некои основни бројки за моделите кои беа на располагање, од најслаб кон најмоќен

Porsche 718 Cayman T PDK (982C)
4 цилиндри, турбо мотор
заден погон
1998 ccm, 220 kW (300 КС) при 7500/min, 380 Nm при 2150/min
7-степен менувач со двојна спојка
0-100km/h за 4,9s
Max:  275km/h

Porsche 718 Boxster GTS PDK (982)
4 цилиндри, турбо мотор
заден погон
2497ccm, 269kW (365 КС) при 6500/min, 430 Nm при 1900/min,
7-степен менувач со двојна спојка
0-100 km/h за 4,3s
Max: 290km/h

Porsche 911 Carrera S (992)
6 цилиндри, би-турбо мотор
заден погон
2981ccm, 331kW (450 КС) при 6500/min, 530Nm при 2300/min
8-степен менувач со двојна спојка
0-100 km/h за 3,7s
Max: 308km/h

Porsche 911 Carrera 4S (992)
6 цилиндри, би-турбо
погон на сите 4
2981ccm, 331kW (450 КС) при 6500/min, 530 Nm при 2300/min
8-степен менувач со двојна спојка
0-100km/h за 3,6s
Max: 306km/h

Porsche Macan S (95B)
Мотор 6 цилиндри, во линија, турбо
погон на сите 4
2995 ccm, 260 kW (354 КС) при 5400/min, 480 Nm при 1360/min
7-степен менувач со двојна спојка
0-100 km/h за 5,3s
Max: 254km/h

Porsche Cayenne Turbo (9YA)
V8 би-турбо мотор ,
погон на сите 4
3996 ccm, 404 kW (550 КС) при 5750/min, 770 Nm при 2000/min,
8-степен автоматски менувач
0-100 km/h за 4,1s,
Max: 286km/h,

Porsche Panamera Turbo S-E Hybrid (971)
V8 би-турбо плагин-хибрид мотор
погон на сите 4
3996 ccm, 500 kW (680 КС) при 5750/min, 850 Nm при 1400/min,
8-степен менувач со двојна спојка
(литиум-јон батерија 14,1 kWh, Vmax само на струја 140km/h, со досег од 40km)
0-100 km/h за 3,4s,
Max: 310km/h,

 

Колку Macan е сличен со Tiguan, дали има допирна точка? Доаѓаат од ист матичен производител, и се слични по димензии.

Реално немаат врска еден со друг. Иако, многу модели во денешната глобализација се базират на иста основа, делат иста технологија или компоненти, да возиш TIguan и да возиш Macan си има разлика. Се чини за секое евро. Единствено се тука некаде по димензии и во однос на просторот што го нудат. Tiguan e во класата на SUV компакти што се ценовен ранг од 25.000 евра и така вози. Macan е друга приказна. Навистина е премиум, и во однос на возните карактеристики, и во однос на ентериерот и завршната обработка, и главно, во однос на чувството што го имате кога сте во него. Па, уште ваков зелен каков што имаше на тест возењето...

Удобна ли е Panamera?

Повеќе од очекуваното. И во други текстови на Koli.com.mk имаме пишувано за Panamera, и за тоа за какво чудовиште се работи. Не е грешка да кажеме дека тоа е најдбората спортска лимузина во светот во моментов, особено вака од тие што се достапни на продажба во Македонија. Ако треба да комбинираме особини што нуди лимузина, со подинанимчно побарување во однос на самото возење, од Panamera нема подобар избор. 

Без оглед на целата еуфорија што владее околу SUV Моделите, тоа што пониско поставена лимузина може да го понуди при возење на асфалт, само по законот на физиката, не може ниеден друг автомобил. Panamera е токму тоа. Комфорна лимузина, што враќа многу задоволство ако сте љубител на подинамично возење. Ако сакате да ве слуша, да има директен одговор на компанди, да може брзо да поминете во кривина, да се чувствувате безбедно кога возите побрзо. Целата технологија со која Porsche располага, и историското наследство како основа за тоа што е Porsche денес, со сигурност ја има во Panamera.

Колку троши Panamera?

Воовичаено на тест возења следиме и потрошувачка. Кога имате вака 8-9 модели на Porsche околу вас, последна работа на која ќе помислите или да проверите е колку релно троши.

Малку повеќе за новата Carrera 911?

Можеби е многу лично мислење, можеби и многу ќе се согласат. Мислам дека не постои автомобил, кој толку многу потсетува на своите почетоци, како историјата да е преточена во  моделот што го гледаме сега, а истовремено да се работи за ултра-модерен и технолошки напреден автомобил. Многу пати се прави обид да се оживее историјата во нов модел, но не секогаш тоа е така успешно. Буквално секоја генерација на Carrera, заклучно со оваа сега изгледа фантастично. Само поглед во ретровизор додека возите... Тој кадар што го гледате, таа секси задница поставена широко на страна, тоа е Carrera.

Што значи Carrera 4S?

4S ознаката е за погон на сите 4 тркала, за разлика од само заден погон. Тоа секако, не е за возење по терен, туку за подинамични спортски особини. Секако постојат модови на возење како Normal, Sport, Sport+, дополнително и за поинакви услови на возење како што е дожд или влошени услови на пптот. Секако дека суштината тука е Sport+, каде сите команди се подесени малку покруто, подиректно и поспортски, но она што е најимпресивно е самото подвозје - во секој момент, во било кој момент на возење, се забележува префинетост на високо ниво.

Подвозјето е фантастично, не само кога се вози брзо и динамично, туки и при полежерно возење. Ако е спортски автомобилот, не значи дека треба постојано да тропа нешто таму долу, да ги чувствуате made in macedonia дупките силно и безобразно. Ете, дури и нај хард-кор моделите на Porsche можат да се справат со тешките предизвици наречени Македонија Пат.

Ентериер?

Ако нешто одушеува, е ентериерот. Без оглед дека ова е веќе 19та година 21ви век, и дигитализацијата е сериозно навлезена во секоја индустрија, па и во автомобилската, кај моделите на Porsche нема да го видите оној Tesla каде ентериерот личи на се, само не на автомобил. Секако, различно го доживуваат различни возрасни групи, но оние што барем малку фатиле од минатото, ќе се согласат дека вакок пристап на дизајн на ентериер, каде модерното е инкомпонирано многу суптилно, а суштината е останата и командите се малку old-school.

Кај сите модели, посебно кај Cayenne, доминира централно поставениот голем дисплеј, но никако не е одземен историскиот легитимитет на класичен Porsche автомобил.

Кој следен модел би сакале да го пробате од Porsche, а не беше присутен на тест возењето?

Taycan секако. Тој е целосно електричен автомобил, како Porsche ќе изгледа во таква варијанта.

Нешто друго интересно?

Може да видите на дисплеј, исто како на Formula 1 болид, кога се отвора задното крило (DRS-от).

И многу опасно изгледаат на бензиска, заедно, сите.

А, за основните модели, 718-ките?

И тие се Porsche. Porsche за почетници. Или Porsche за секој ден. Не дека ни другите не се за секој ден.

Се вози ли Porsche со една рака?

Да, ама само до 200 Km/h. После мора со две.

Уживаш ли кога возиш Porsche?

Не, баш е досадно.

Ок, сериозно, ако треба еден момент да одбереш од возење Porsche, што е тоа?

Веројатно дека кадарот напред лево, кога ја гледаш хаубата во левиот дел, тоа мислам е Porsche момент. Не сум сигруен дека го има кај друг автомобил.

 

Кому би препорачал Porsche?

Последна работа на светот е дека некому треба да препорачаш Porsche. Ако постои нешто во автомобилскиот свет што се сака по default, тоа секако е Porsche. Можеби, при избор на луксузна лимузина или луксузен SUV, ако некој од било која причина ги испушта од видик моделите на Porsche како потенцијален избор, можеби тоаби било препораката.

Во време кога многу производители сакаат да кажат дека нудат премиум модели, ако нешто е премиум и вреди за парите, тоа сигурно e Porsche, особено модели како Panamera, Macan или Cayenne, за кои има голема конкуренција и лесно може да се спореди, и да се види што е навистина премиум. Не е бадијала што таму далеку, во другиот свет, каде што се плаќа со долари, Porsche е најчест избор на автомобил на средовечен маж кој веќе завршил со семејните обврски, кариера, па во своите поодминати години конечно си дозволува нешто екстра за себе, лично. За задоволство. Секојдневно.

 





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Македонија



 
 
 
 






Одберете нов автомобил