Неодамна во една прилика се појавија фотографии со разоткриениот ентериер, и огромните промени доаѓаат.
Моделот Golf MK8 може да биде најлошо зачуваната тајна на Volkswagen досега. Претходните шпионски фотографии веќе го прикажаа еволутивниот дизајн на надворешноста, кој ќе има по сјаест профил и по застрашувачка предница. Како еден од најголемите светски брендови на VW, разбирливо е зошто изгледот не е премногу различен. Внатрешноста, сепак, изгледа драстично поинаква.

Внатрешноста на Mk7 има обичен, едноставен, статичен дизајн, и во тој поглед, Golf останува свој. Но, начинот на кој овој изглед е постигнат во следната генерација е дизајнски поголема премија. Како и многуте возила деновиве, Mk8 Golf ќе има речиси безконтактна кабина со хоризонтално поставена табла.

Слично на дизајните кои се гледаат кај Audi и Mazda, централната линија во кабината на Mk8 ќе биде табла со вградени отвори за воздух. Во центарот има мал панел на допир, и директно над тоа е целосно дигитален инфозабавен екран. На левата страна има дигитален инструмент кластер со понатамошна интеграција на инфозабавниот систем.
Централната конзола е подеднакво едноставна, со држачи за чаши, електронска паркинг сопирачка и со неколку други копчиња кои го опкружуваат шест брзинскиот мануелен менувач, видлив низ шпионските фотографии. Целокупниот ефект подразбира многу класичена кабина ослободена од големи пластични или гумени плочи што зјапаат кон возачот и патникот. Иако VW може малку да ги измени некои карактеристики, целокупниот дизајн беше во основа потврден во скиците објавени во документот од годишниот генерален состанок на Volkswagen оваа година.
Новиот Golf на глобално ниво ќе биде достапен во бројни повторувања, вклучувајќи ги и гасот, дизелот, plug-in хибридот, како и за прв пат 48-волтниот благ хибриден модел, и компримиран природен гас. Сепак се шири гласина дека САД ќе добијат само GTI и R варијанти без основните модели. Тоа е една работа за која ќе мора да почекаме до октомври да дознаеме.


|