Карактеристикте кои беа додадени овозможуваа да спуштите рампа, и како сугестија да се изврши промена на лента каде возачот мора да ја активира со превртување на рачката.
Софтверот е дизајниран автоматски да промени лента ако смета дека е неопходно и безбедно, а возачот мора да го откаже доколку не сака возилото да променува ленти. Идинината овозможува и управување наоколу каде има побавен метеж, идеално да ве пренесе до дестинацијата кога веќе сте го уклучиле во системот за навигација.
Има неколку нови различни сетинзи кои можете да ги одберете за новата автоматска промена на лента.
Како опција едната му овозможува на автомобилот да направи промена на лента без да го вознемирува или да го прашува возачот . Возачите можат опционално да бидат известени за промената на лента со активација на ѕвонче каде визуелно е прикажано на целиот екран.
Автомобили кои ќе бидат произведени после 2017 година ќе можат да ги користат овие надградби со вибрации на воланот, со цел да укаже на промена на лентата.
Тесла пренесува дека возачот може да ја откаже промената на лента со придвижување на жмигавците или кликање на екранот на нотификација за промена на лента.
Тесла кажува дека досега со поминати 500.000 милји тестирање на новата опција за промена на лента, се докажала како безбедна за користење.
Многу јасно беше кажано на прес дека оваа опција не го прави возилото автономно, и дека промената на лента би се извршила само оној пат кога рацете на возачот се детектирани на воланот. Оваа опција би требало да биде пуштена на автомобилите на Тесла кои веќе се опремени со автопилот.
|