Секако, останувајќи во истата ценовна граница, 301 ги сочува предностите заради кои е добредојден на македонските улици, а благиот редизајн само ја дополни сликата, па иако се работи за автомобил кој таргетира специфична група на публика каде цената е клучен фактор, нуди апсолутно добри вредности кои, сумарно, носат впечаток дека за вложените пари, крајно се добива сосема солиден автомобил.
Да одиме по ред.
РЕДИЗАЈН, СПОРЕД НОВИОТ PEUGEOT ИДЕНТИТЕТ
Во однос на дизајнот, главните измени се во предниот дел кој повеќе личи на новите Peugeot автомобили, особено на 508, а секако и редизајнот на светлоснито систем во задниот дел и изведен сосема коректно. Кој е љубител на 508, а има помал буџет, веројатно 301 би бил достојна замена. Сосема симпатичен семеен градски седан.
ПРАКТИЧЕН И ПРОСТОРЕН
Во однос на ентериерот, ова е автомобил типично дизајниран да биде практичен. Со релативно долго меѓуосовинско растојание од 2652 mm (поголемо во однос на конкурентите од класата на седани од ниската класа), 301 нуди простор во кабината, и напред, а особено позади, и што е уште поважно, простор има во сите правци. Просторот е тука, и е на располагање. Има простор и за нозете, има простор и во ширина (дури повеќе и од некои поголеми автомобило), а има простор и по висина. И за повисокоите патници нема да има проблем удобно да се семестат.
Ако судиме за материјалите во внатрешноста и завршната обработка, може да речеме дека можело и подобро, но повторно, доколку ја имаме увид цената и класата во која припаѓа, и секако конкурентите, тоа е во рамките на очекувањата. Не ни се допаѓа изборот на пластика, a можеби и недостасува и подесување на воланот по длабочина, но затоа, постојат автомобили за сечиј вкус и џеб. Кај 301 комфорот е приоритетен.
Кај автомобил кој треба да биде семеен пријател, секако дека i понудата на багажен простор треба да биде солидна, па така, кај 301, и повеќе од тоа е направено. Простор во багажникот e огромни 640 литри (за разлика од 506-те литри кај претходниот модел).
ОДНЕСУВАЊЕ НА ПАТ
Фактот дека уште при конструирањето на 301, целната публика беше источно европските пазари, носи суспензија и однесување на пат прилагодено на улици какви што има во источно-европските земји, меѓу кои секако е и Македонија, што значи, автомобилот е направен да е удобен на секоја нерамнина (нерамнини, рака на срце во Македонија има и на секој рамен пат), па благодарение на таквиот пристап, возењето со 301 е неочекувано удобно.
Да, поспортски ориентираните возачи не сакаат возење на автомобил кој повеќе лебди по патот отколку што може динамично да се вози, но затоа 301 не е направен за нив.
ОДЛИЧЕН 1.6 HDI МОТОР
Вистинско уживање е 1.6 BlueHDI моторот, турбо дизел, со 4 цилиндри, со 100 КС и сосема одличен вртежен момент. Без оглед што купувате автомобил што е ценовно пониско поставен, технологијата и моторите кај 301 се исти како и кај поскапите Peugeot модели, а јасно е колку е напредна дизел технологијата на Peugeot моторите, што значи дека добивате еластичен мотор, кој добро повлекува, и секако троши релативно малку.
.jpg)
Забрзувањето до "стотка" со овој мотор кај овој автомобил е 11,9 секунди, а дефинираната максимална брзина е поставена на 183 Km/h. Реално, не би требало да очекуваме и да го возиме овој автомоби 180, но до кај 140 или 150 се однесува сосема коректно, со напомена дека при повисоки брзини до израз доаѓа звучната изолација, т.е. звукот што влегува во кабината веќе може и да пречи, а во однос на безбедното возење, заради помеко поставената суспензија, веројатно граница на супер безбедно возење би требало да биде 120-130 Km/h, особено на нашите патишта, каде изненадувањата и не се така ретки, па затоа овој автомобил треба да се вози порелаксирано, а не динамично и брзо.
Секако дека моторот дозволува комфорно и лесно претекнување и на отворен пат, секако кога се има потреба од тоа, што е факт плус да донесеме заклучок дека 301 е комплетен семеен автомобил.
ОПРЕМА
Во однос на опремата, тест моделот беше Active ниво на опрема (второ), со некои интересни дополни како Parking задни сензори, кои се и повеќе од добредојдени со оглед на големината и начинот на дизајнот на задниот дел на автомобилот, кој е високо поставен, а особено ако се знае вкупната должина на автомобилот која е речиси 4,5 метри. Затоа, parking сензорите позади се и повеќе од добредојдени.
ДОВЕРЛИВОСТ
Во однос на доверливоста, тоа што е развиван за патна инфраструктира како нашата, направен е да биде доверлив, па затоа е и избор на многу такси компании.
ЦЕНА
Цената на тестираниот модел е 13.990 Евра
ПОТРОШУВАЧКА
На отворено, потрошувачката минимално ја спуштивме до 5,1 литар, а во град прилично варира, може да биде и околу 6,5, но може и да крене до 7,5, зависно од начинот на возење и секако условите и локацијата на возење низ град.
ЗАКЛУЧОК
301 сигурно е најдобар избор за седан од компактната класа, особено вака со добар дизел мотор. Можеби има послаба звучна изолација и материјалите во внатрешноста не state-of-the-art, но затоа е исклучително простороен, со голем багажник, нуди удобно и економично возење, доверлив и има сосема фер цена. Peugeot секогаш високо котира кога безбедноста е во прашање, па целосно, заклучок е дека за вложените пари добивате многу.
Предности
- Просторен и напред и позади
- Удобно возење
- Одличен дизел мотор
- Голем багажник
Недостатоци
- Просечен ентериер
- Префинетост
- Не дозволува многу динамично возење
|