Со заминувањето на Џозеф Кабана во BMW, Škoda остана без човекот, кој дава визуелен идентитет на нивните автомобили.
После неколку месеци, конечно го пронајдоа вистинскиот човек. Не го доведоа од надвор, туку го ангажираа во внатрешноста на концернот Volkswagen.
Станува збор за Оливер Стефани, кој во Volkswagen беше шеф на дизајнот на екстериерот.
Стефани во 2002 година се вработи во Volkswagen, а освен што помогна во дизајнот на новите Buba и Passat CC, беше на чело на тимот, кој беше задолжен за изгледот на актуелните модели Polo, Golf, Tiguana, Jette.
|