Volkswagen во ноември минатата година во Лос Анџелес го претстави Passat GT концептот.
Во споредба со стандардниот модел, имал модифицирани браници, спојлер на вратата на багажникот и спорски издувен систем, како и спортска суспензија. Исто така, овој модел е за 1,5 сантиметри понизок од стандардната верзија.
Во ноември оваа година, Volkswagen во Лос Анџелес ќе пристигне со продукциска верзија, која наголемо треба да потсетува на концептот.
Под поклопецот на моторот ќе се вградува 3,6 литарски V6 мотор, со моќност од 280 коњски сили и 349 Nm вртежен момент.
|