Елон Маск го промени своето мислење. На почетокот на оваа година велеше дека Model Y ќе биде конструиран на целосно нова платформа и дека во салоните ќе пристигне кон крајот на 2019 или во почетокот на 2020 година, но целиот план се промени.
Маск сега изјави дека Model Y ќе биде изграден на иста платформа како и Model 3. Причина? Платформа веќе постои, а тоа значи дека Model Y може да пристигне порано во продажните салони.
Ова е прилично разумна одлука со оглед на тоа што SUV моделите во моментов се неверојатно популарно, па не не чуди одлуката овој модел да се појави на пазарот што поскоро.
|