Најверојатно, тоа име ќе се користи за веќе најавениот електричен SUV модел.
Да се потсетиме дека Nissan пред некаде околу 5 години го користеше името TERRA за својот електричен SUV концепт.
Медиумите шпекулираат дека погонот на Leaf за 2018 година ќе има автономија до 340 километри.
Иначе, предниот погон кој користи LEAF може да се комбинира и на задната осовина, така што електричниот SUV ќе биде придвижуван преку двете осовини.
Се уште е непознато каде официјално ќе биде претставен овој електричен SUV модел. Според автомобилските експерти, најверојатно се работи за подобрена верзија на концептот.
|