Mini моделот F56 во својата трета генерација нема да нарасне, но нема да биде ниту со помали димензии. Исто така, од Mini потврдија дека сигурно нема да произведат мал автомобил.
Моделот F56 е темел на нашата компанија и тешко ни е да замислиме тој автомобил да стане поголем, или пак за 20 сантиметри помал.
Доколку купуваат мал автомобил, купувачите очекуваат и пониска цена, но да развиете таков модел е неисплатливо.
Моментално за таков проект не постои оправадана економска пресметка, изјави Себастијан Мекенсен, потпретседател на Mini.
Британците и онака сакаа да се фокусираат ан електричниот автомобил, кој наскоро доаѓа на пазарот.
|