Ferrari ја изгуби правната битка во Германија и тоа од компанија која го носи името Autec AG, а која се занимава со производство на играчки.
Имено, судот во Дизелдорф пресуди така што италијанската компанија во последниве пет години не го користела правилно името Testarossa на одговарачки начин, се со цел да ја обезбеди својата ексклузивност.
Ferrari се бранел со фактот да, поради тоа што автомобилот повеќе не се произведува, се уште имал активности поврзани за одржување на постоечките примероци, бидејќи автомобилот се произведувал од 1984 до 1996 година, кога го наследил моделот 550 Maranello.
Резултат на оваа правна битка е дека сега практички било која компанија, за било кој производ, од велосипед до тава за палачинки, може да го користи името Testarossa.
|