Tesla веќе ги испорача првите триесет примероци од најочекуваниот автомобил на денешницата, Model 3.
Првите примероци се испорачани за вработените на компанијата, кои истовремено ќе бидат и тест корисници.
Зедно со оваа испорака, објавени се и некои спецификации, односно техничките детали за понудата.
Основниот модел во САД ќе чини 35.000 долари, ќе има автономија од 360 километри, а од 0 до 100 километри на час, ќе забрзува за 5,6 секунди, додека максималната брзина ќе изнесува 209 километри на час.
Во понудата се наоѓа и посилна батерија, за која се доплаќа 9.000 долари, автономијата се зголемува на 500 километри, а максималната брзина во тој случај изнесува 225 километри на час, со што забрзувањето од 0 до 100 километри на час, трае само 5,1 секунда.
Моделот со погон на сите четири тркала се уште не се најде во понудата, и ќе пристигне најверојатно за година дена. Веќе неколку пати се спомнува и минимализмот кај дизајнот на внатрешноста, во кој доминира големиот екран со дијагонала од 15 инчи, кој служи за приказ на сите информации поврзани со возењето.
Гаранцијата на возилото изнесува четири години, односно 80.000 километри, а на батеријата 8 години, односно 160.000 километри.
|