Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ      СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Новитет > Opel Insignia Sports Tourer, нова ѕвезда помеѓу караваните
 
Spodeli
12 August 2017, 19:05


Opel Insignia Sports Tourer, нова ѕвезда помеѓу караваните Opel Insignia Sports Tourer  Opel Insignia Sports Tourer, нова ѕвезда помеѓу караваните
Конкурентот на Passat Variant е растегнат на 499 сантиметри, со багажен простор од 560 до 1665 литри, со 200 килограми помалку маса од својот претходник...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

После седанската верзија на Opel Insignia од втората генерација, ознаката Grand Sport пристигнува и на караванската верзија.
 
 
Во споредба со претходникот, е поатрактивен и поелегантен, што го потврдува фактот дека коефициентот на отпор на воздухот изнесува 0,27. Во споредба со претходниот модел, овој модел е продолжен од 491 на 499 сантиметри, додека масата е смалена за неверојатни 200 килограми. Меѓуоскиното растојание како во седанската верзија, е зголемено од 274 на 283 сантиметри.
 
 
Багажникот ниту во седанската верзија, немаше намера да се натпреварува со својот конкурент Passat, а поготово со Superb, но секако е коректен. Во споредба со седанската верзија, кај која багажниот простор изнесува од 490 до 1450 литри, кај караванската верзија багажниот простор изнесува од 560 до 1665 литри багажен простор. Меѓутоа, кај овој модел се нагласуваат уживањето во возењето и динамичноста, а не екстремните транспортни можности на автомобилот.
 
 
Безбедноста е приоритет, а важен адут е системот за следење на сообраќајната лента со автоматска корекција при управувањето, новиот транспарентен екран пред возачот е со камера која покрива 360 степени. Активниот поклопец на моторот во случај на судир со пешак се подигнува за да се зголемиоддалеченоста од тврдите делови на моторот и да се намали ризикот од повреда. Rear Cross Traffic Alert користи радарски сензори сместени во браникот кој идентифицира објекти оддалечени до 20 метри до 90 степени од левата и десната страна.
 
 
Возачот седи 3 сантиметри пониско за разлика од претходниот модел, додека ентериерот е искачен за една класа погоре. Во внатрешноста на автомобилот е инсталиран и инфотаинмент систем од новата генерација со IntelliLink и Opel OnStar сервисна асистенција. Интересен е и 8-степенскиот автоматски менувач, како и погонот од 4х4. Новитет се и светлата IntelliLux LED од втората генерација, а наместо 16, моделот поседува 32 LED елементи. Станува збор за напредни адаптивни светла, кои одликуваат со брза реакција, со домет до 400 метри.
 
 
Во бензинската понуда ќе се најде 1.5 литарски Turbo мотор со 165 коњски сили и 250 Nm вртежен момент, како и 2.0 литарски Turbo мотор со 250 коњски сили. Дизел верзиите ќе бидат придвижувани од 1.6 литарски Bi-Turbo Diesel со 160 коњски сили и 380 Nm вртежен момент, додека 2.0 литарскиот мотор ќе поседува повеќе од 200 коњски сили. Во подготовка е и OPC верзија со 400 коњски сили. 
 

Opel Insignia Sports Tourer
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Новитет



 
 
 
 






Одберете нов автомобил