Hyundai не погреши основајќи го N одделот и започнувајќи со производство на автомобили со спортски перформанси.
Неодамна е претставен моделот i30 N кој се покажа како полн погодок. Првата серија, првите 100 примероци, се распродадени во само два дена. Купувачите при нарачка мораа да останат прилог од 1000 евра.
Првите 100 примероци се опремени со Performance пакет, односно во превод, 2.0 литарски мотор со 275 коњски сили. Купувачите на првата серија ќе бидат повикани на Nurburgring да учествуваат во академијата на брзо возење под будното око на Алберт Биерман.
|