Традиција која не се прекинува веќе полни 43 години.
Мораме да истакнеме дека Golf е најпродаван модел во Европа во првата половина оваа година, а според податоците, најголем скок во однос на ланската година, постигна моделот Tiguan.
VW Golf е продаден во 279.370 примероци во првата половина на 2017 година, и го зазеде првото место на листата. Вториот модел кој следи е VW Polo кој е продаден во 205.370 примероци, а на третото место е Renault Clio.
Останатите на листата се Ford Fiesta, Nissan Qashqai, Opel Corsa, Opel Astra, Peugeot 208 и Ford Focus.
|