Претставена е новата, осма генерација на најлуксузниот автомобил на светот, кој се појави речиси 14 години после седмата генерација.
Станува збор за втората генерација која настана под сопственост на BMW, а користи и нова архитектура која ја нарекуваат и "Архитектура на луксузот".
Суспензијата е вистински луксуз, новиот модел има неколку камери кои го снимаат патот пред возилото и бараат дупки, после што автомобилот ја прилагодува својата суспензија, се со цел најудобно возење.
Овој автомобил е придвижуван од 6,75 литарски V12 мотор, кој го замени досегашниот атмосферски V12 агрегат.
Моторот располага со сила од 563 коњски сили, а впарен е со 8-степенски автоматски менувач, кој ја пренесува силата на задната осовина.
Новиот модел благодарение на напредната звучна изолација и гумите кои се за 10% потивки од претходните, изобилува со вистински комфор во текот на возењето.
Автомобилот исто така поседува и огромен број систем за активна заштита, како и системи за забава на патниците.
Цената на автомобилот се уште не е позната.
|