Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА       ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Возевме > Краток тест - Chevrolet Cruze
 
Spodeli
24 August 2010, 01:17


Краток тест - Chevrolet Cruze C... Cruze Краток тест - Chevrolet Cruze
Најавите од Chevrolet за Cruze беа спектакуларни. Се најавуваше подигнување на нивото на комфорот и рафинираноста во однос на претходникот, и поставување на нови стандарди во сегментот каде се наоѓа Cruze!...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Хммм... Прилично силни зборови, за компанијата која досега не послужуваше со Spark и Aveo, реално автомобили кои се евтини и народни, наменети за оние кои купуваат на метар - сакаат нов и голем автомобил, а се со релативно поплиток џеб. Главни адути  на Cruz  се ниската цена и надворешната убавина. Одлично.
 
Дизајн/Имиџ
Ако некаде е вистински силен американецот, тоа секако е дизајнот – Cruze има препознатливо лице, агресивна предна маска (како од американските мускулести автомобили), набилдан страничен дел и агресивно изведениот заден дел... 
 
Внатрешност/Практичност
Освен надворешниот изглед, дизајн тимот на Chevrolet одлично ја завршил работата и кога е во прашање изгледот на внатрешноста. Седењето е ниско, а чувството зад управувачот е како во во компактен спортски автомобил, особено заради податокот дека седиштата изненадувачки добро го држат телото.  
 
 
Простор има просечно, и на предната и на задната клупа, а, на прв поглед, и материјалите оставаат солиден впечаток, барем кога ќе се види цената на автомобилот. Сепак, и покрај најавите за зголемување на квалитетот, чувствата во внатрешноста се измешани. Подетална анализа открива дека завршната обработка е на многу ниско ниво, и во никој случај не е на нивото на конкурентите. 
 
Како што може и да се очекува од седан, практичноста не е на највисоко ниво. Внатре има малку отвори за одлагање ситници, а, интересно, иако автомобилот делува голем, отворот на багажникот е многу мал. Со 450 литри, се наоѓа во просекот на класата, и далеку од најдобрите – Octavia брои фантастични 560 литри. 
 
Возачко искуство
Ако Cruze во целост го положи испитот по убавина, тогаш во целост паѓа кога вистинските квалитети на еден автомобил се во прашање - управувањето е непрецизно, возната динамика е на ниско ниво, каросеријата не е доволно крута, а ниту менувачот не е префинет како кај конкурентите, и не дозволува брзо менување. Ова, заедно со летаргичните мотори и енормно високата потршувачка, се причина секој обид за подинамично возење да остане само обид.
 
Во однос на некои помали автомобили секако дека е поудобен, но реално, освен со еден-два модели во класата, Cruze во никој случај не може да се споредува со конкуренцијата, ниту кога удобноста е во прашање. За удобноста само просечна оцена, затоа што не може да се замижи пред непријатните вибрации кои ги нема кај другите автомобили од класата, а сигурно  би пречела и слабата звучна изолација – се слуша звук  и од ветерот, и од гумите и од моторот. 
 
Сепак, класата на компактни седани, каде припаѓа Cruze нуди многу поудобни и попријатни автомобили. Да биде приказната уште понеповолна за Cruze, неговите конкуренти  високата удобност не ја добиваат на сметка на возните својства. Кај Cruz особено се чувствува тежината на автомобилот, па затоа недостасува и забавата при возење.
 
Мотори/Перформанси
Моторизацијата ја сочинуваат четири мотори, два бензинци и два дизели. И покрај тоа што на хартија изгледаат како сигурен избор, пред се благодарејќи на зафатнината од 1,6 и 1,8 литри, бензинците можат најдобро да се опишат како летаргични и спори. Тука е главниот проблем на Cruze. Основните бензиски мотори имаат недоволно висок вртежен момент, па за да ја повлечат тешката каросерија, тешко постигнуваат високи вртежи, а се нудат со веќе застарените менувачи со пет степени. Иронично, но токму спорите и со висока потрошувачка мотори се оние кои најмногу се продаваат во Македонија. Реално, 1,6 литарскиот мотор на Cruze, според перформансите треба да се споредува со 1,4 литарските единици на конкурентите, додека 1,8 на Cruze со 1,6 (или 1,4 турбо единиците). 
 
Дизелите се подобри кога се во прашање перформансите, пред се благодарение на повисокиот вртежен момент, но и кај нив  забрзувањата не се брутални како кај конкурентите, поради малку подолгите степени на пренос.
 
Цена/Вредност
Заклучок е дека, иако изгледот на автомобилот најавуваше нешто спектакуларно, Chevrolet не измисли ништо ново и невидено досега. Cruze е евтин голем автомобил, со задоволително богата опрема и не толку скапи доплати. Главен проблем кај Cruze e високата потрошувачка, посебно кај бензинците, кои, за да се добијат солидни перформанси голтаат многу гориво...
 
Дали е паметен избор? Само за оние кои размислуваат краткорочно, а се со тесен буџет. Вообичаено, Cruze им се допаѓа на оние кои купуваат автомобил на метар. Што поголемо, толку поарно.
 
Ако се мисли порационално, и на подолг временски период, сигурно вреди да се растегне буџетот и да се посегне барем кон Octavia или Corolla. Инаку, парите се губат со секој поминат километар, и за потрошено гориво, но и за загубена вредност на возилото - на пазарите за половни автомобили, Cruze со сигурност нема да може да задржи цена како европските или јапонските конкуренти, a Chevrolet нема изградено ниту добар имиџ на издржливост. 
 
Задачата на Cruze да биде вистински конкурент дополнително добива на тежина ако се гледа класата во која се наоѓа, каде царуваат Octavia, Megane Sedan (Fluence), Lancer, Corolla и Civic!
 
Предности
Робусен, мускулест дизајн
Пространа кабина
Ниска цена и многу опрема
 
Недостатоци
Разочарувачки перформанси од моторите кои се популарни во Македонија
Висока потрошувачка
Недостасува динамично и агресивно возење
Лоши менувачи
Просечна удобност
Слаба звучна изолација
Завршната обработка на релативно ниско ниво

C... Cruze
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
nemoze da se kaze deka cruze e bas gradsko vozilo poso ima eden kup nedostatoci a vo zamena za tie dobiva sminka. Cruze vo sekoj pogled e vozilo za selskata raja vo makedonija
Напишан од igor  пред  околу 103 месеци
koli.com.mk nema potreba da se folirate, komentarite si davaat realna ocena,taka da vie prodolzete i natamu da si pisuvate (GLUPIRATE) bitni se komentarite od luge koi veke go vozat,POUBAVA SLIKA ZA CRUZOT ZDRAVJE !!!
Напишан од BMW  пред  околу 106 месеци
inaku sampion u WTCC !!!
Напишан од nino  пред  околу 106 месеци
i cruze li necini spored vas ??? ajdeeeeeeeeeeeeeeeee
Напишан од nino  пред  околу 106 месеци
Jas mislam deka voziloto vredi za tie pari i ne e taka loso kako sto go prestavuvate, Cruze e bas gradsko vozilo za site potrebi edinstvena mana im se stariot tip na motori koj sigurno ke bidat od 2011 promeneti vo 6 stepen menuvac, kako i da e vredi za site pari. Pozdrav
Напишан од Drazo  пред  околу 107 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 30
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Возевме



 
 
 
 






Одберете нов автомобил