Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ      СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Новитет > Теренската икона од Mercedes-Benz го прослави производството на 300.000 примероци
 
Spodeli
02 August 2017, 19:56


Теренската икона од Mercedes-Benz го прослави производството на 300.000 примероци Mercedes-Benz G-Class  Теренската икона од Mercedes-Benz го прослави производството на 300.000 примероци
G-класата е посебна по многу работи, а за две години ќе прослави 40 години од своето постоење...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Производителот од Штутгард, прослави интересен јубилеј, односно 300.000 произведени примероци од својот бесмртен мдоел, кој за прв пат излезе од производствените траки во 1979 година.
 
Интересно е што тој модел кај многу котира како едно од најдобрите теренски возила, се произведува во соседна Австрија, во фабриката Magna Steyr.
 
Славенички, G500 пристигна во сина боја, а уште подобро звучи податокот да истиот го дизајнираа љубителите на овој автомобил од целиот свет, кои своите предлози и сугестии можеа да ги искажат преку фејсбук страницата. најдобро помина комбинацијата која вклучува внатрешност, обложена со црна кожа и наменски "off-road" пакет кој содржи кровен носач и гуми за сите терени.
 
Иако својот изглед не го менува веќе 38 години, побарувачката за легендарната G-класа никогаш не била слаба, а последниве години популарноста и продажбата бележат огромен раст.
 
Посебно е популарен и омилен кај познатите личности, а виден е и кај некои балкански фудбалери.
 
Автомобилот рачно се произведува на само една производна линија, а Mercedes го најави веќе следното издание, на радост на обожавателите.
 
G-класа ќе го зголеми своето ниво во однос на технолошки поглед.
 

Mercedes-Benz G-Class
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Фотогалерија




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Новитет



 
 
 
 






Одберете нов автомобил