Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Премиерa > Opel Insignia GSi, спортски модел со 260 коњски сили
 
Spodeli
02 August 2017, 19:32


Opel Insignia GSi, спортски модел со 260 коњски сили Opel Insignia  Opel Insignia GSi, спортски модел со 260 коњски сили
Opel ја претстави својата нова ѕверка на четири тркала......
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Дволистарскиот турбобензински мотор, спарен со 8-степенскиот менувач, полуактивната суспензија и паметниот погон на сите четири тркала резултираат со максимална брзина од 250 километри на час и забрзување од 0 до 100 километри за 7,2 секунди.
 
Новата Opel Insignia уверливо стартуваше со турбобензински 1.5 литарски DIT мотор со 140 и 165 коњски сили, дизел 1.6 литарски CDTI мотор со 110 и 136 коњски сили, 2.0 литарски CDTI мотор со 177 коњски сили, како и спортската верзија GSi со турбобензински 2.0 литарски DIT мотор со моќност од 260 коњски сили. Сега на ред дојде и силниот 2.8 литарски V6 Turbo OPC мотор.
 
Ова ја покажува новата динамичност во возењето, со пониска потрошувачка. Наместо OPC, се враќа славната ознака GSi, кратенка од Grand Sport injection, воведена во 1984 година, во Kadett GSi со бензински 1.8 литарски мотор со 115 коњски сили. Тоа му овозможуваше брзина од 201 километар на час, што тогаш беше навистина импресивно. Opel Insignia GSi ќе биде официјално претставена на автомобилскиот саем во Франфурт, а од основниот модел се разликува во спортскиот изглед.
 
Под хаубата се наоѓа турбобензински мотор со директно вбризгување, со работна зафатнина од 1998 кубни сантиметри, кој развива 260 коњски сили при 5300 вртежи во минута, со максимален вртежен момент од 400 Nm. Силен адут на автомобилот е и трансмисијата, наменета за пренос на силата. менувачот е автоматски со осум степени, ZF од новата генерација кој ги пригушува вибрациите, и овозможува брзо шалтање. Силата се пренесува на сите тркала, преку средишниот преносник со електронско управување и заден активен дифренецијал со векторирање на силата.
 
Перформансите на автомобилот се складни со очекувањата, Insignia GSi од 0 до 100 километри на час забрзува за 7,2 секунди, а максмиалната брзина му е електронски ограничена на 250 километри на час. Просечната потрошувачка на автомобилот е декларирана на 8,6 литри на 100 километри, реално околу десет. За таков автомобил, кој овозможува полнокрвно спортско уживање, е сосема прифатливо.
 

Opel Insignia
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Премиерa



 
 
 
 






Одберете нов автомобил