Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Премиерa > Mercedes X-класа го збогати pickup сегментот
 
Spodeli
02 August 2017, 19:04


Mercedes X-класа го збогати pickup сегментот   Mercedes X-класа го збогати pickup сегментот
Продажбата во Европа започнува во септември...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

И Mercedes има свој pickup. Самото име звучи навистина елегантно, но станува збор за модел, за кој Mercedes пред седум-осум години го сметаше за незамислив. Исто така го сметаа и купувачите и љубителите на овој автомобилски производител.
 
Решетката на ладилникот излега моќно, а тука се и пластичните додатоци на каросеријата како и вертикалните задни светла. На задниот браник има интегрирани скали, кои можат да се склопуваат и расклопуваат по желба на корисникот.
 
Автомобилот ќе биде достапен на пазарот во три различни верзии, X-класа Pure работен автомобил, X-класа Progressive за купувачи кои бараат нешто поинакво, како и X-класа Power чиј акцент е ставен на секојдневниот урбан живот.
 
Внатрешноста? Хм, искрено, очекувавме многу повеќе, сепак Mercedes е премиум бренд. Инструмент таблата и средишниот гребен изгледаат прилично лито и бледо.
 
Можно е да се доплати за кожни седишта, како и инструмент табла облоена со кожа, но и за дрвени додатоци кои ќе придонесат кон полуксузниот изглед на  автомобилот.
 
Mercedes X-класта ќе биде придвижена од два дизел 4-цилиндарски мотори. Model X 220 d ќе развива 163 коњски сили, а X 250 d 190 коњски сили. Во понудата ќе биде и X 350 d V6 мотор, кој има моќност од 258 коњски сили и 550 Nm вртежен момент. Во понудата ќе се најде и бензински мотор X 200 со 165 коњски сили.
 
Силата на моторот ќе биде пренесувана на задните тркала, но со доплата може да се добие и AWD. Во зависност од изборот на моторот, за пренос на силата се задолжени 6-степенски мануелен менувач и 7-степенски автоматски менувач. Максималната носивост на моделите изнесува 1,2 тони.
 




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Премиерa



 
 
 
 






Одберете нов автомобил