Раскинувањето на соработката помеѓу McLaren и Honda е логична кон крајот на оваа сезона на Formula 1, а британската посада веќе започна да бара нови партнери за 2018 година.
-McLaren во историјата се покажа дека може да победува и да освојува високи позиции. Но, сепак компанијата има вистински проблеми со своите соработници.
Во игра како соработник остана Renault, но Французите велат дека не се склони да влезат во соработката со McLaren. Воглавно, мали се шансите McLaren и Honda да продолжат со соработката, но наскоро очекуваме повеќе информации за целата автомобилска драма која овој период се одвива во еден од најскапите и најважните спортови за автомобилските производители.
|