Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ      СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Новитет > Елон Маск го претстави првиот примерок на Tesla Model 3
 
Spodeli
19 July 2017, 20:34


Елон Маск го претстави првиот примерок на Tesla Model 3 Tesla Model 3 *  Елон Маск го претстави првиот примерок на Tesla Model 3
Порачани се преку 700.000 примероци од овој модел...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Првите автомобили од типот Tesla Model 3 се изработени и подготвени за возење, изјави првиот човек на Тесла, Елон Маск. Маск сподели фотографија од автомобилот, првиот модел наменет за масовно производство.
 
Примерокот на Model 3 кој можете да го видите подоле му припаѓа на Маск, кој напиша: "Производствениот примерок 3 на Model 3 е зработен и поминува низ финалните тестови. Фотографиите пристигнуваат наскоро."
 
Купувачите кои го резервираа првиот примерок на Model 3, тврди Маск, се откажал се со цел истиот да може да го добие челникот на компанијата. Ира Ехренпреис го имал правото на првиот автомобил од овој модел бидејќи го платил истиот во целост. Тој се откажал од тоа право поради 46-тиот роденден на Елон Маск.
 
Околу 30 примероци на Model 3 на купувачите ќе им бидат доставени до 28 јули. Од Tesla изјавија дека во август ќе произведат уште 1500 автомобили, а до крајот на септември ќе произведуваат по 20 илјади примероци месечно. 
 
Маск минатата година го откри Model 3 и недолго после тоа започна да прима порачки од 1000 долари. Во една недела, тој број на нарачки успеа да се искачи на 325 илјади.
 
Тогаш од Tesla изјавија дека агрегатната вредност на нарачките е околу 14 милијарди долари. Од тогаш, бројот на нарачки порасна за 400 илјади.




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Новитет



 
 
 
 






Одберете нов автомобил