Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Премиерa > Претставен новиот Audi A8
 
Spodeli
19 July 2017, 20:26


Претставен новиот Audi A8 Audi A8 2010  Претставен новиот Audi A8
Луксузен автомобил со неверојатни перформанси...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

После бројните најави и повременото откривање на интересни детали, Audi денес во целост го извади автомобилот од тајност, а според многумина, ова е најлуксузниот автомобил на светот.
 
Освен што порасна во димензии новиот Audi A8 има и дизајнерски новитети, од кои посебно се истакнува предната маска. Посебно треба да се истакнат и новите ласерски светла, кои се сместени помеѓу LED диодите и стандардните светла, а кои се активираат при брзина поголема од 70 километри, со што двојно го зголемуваат дометот за разлика до досегашните светла.
 
Во внатрешноста на автомобилот доминира виртуелен кокпит при што сите информации на возачот му се прикажуваат на екран во HD резолуција од 1920 х 720 пиксели.
 
На средината се наоѓа и екран, односно инфотаинмент систем со дијагонала од 10,5 инчи. Преку него може да се пристапи до сите 41 системи кои му се на располагање на возачот.
 
Еден од нив е и системот за самоуправување, за кои Audi тврди дека моментално е најнапреден на пазарот, а кој овозможува самостојно управување при одредени услови на сообраќајниците, при што возачот не мора ниту да ги држи рацете на воланот.
 
Што се однесува до паркирањето, тој процес е толку автоматизиран, што возачот дури не мора ниту да биде во автомобилот, при што таа опција може да се активира и преку паметен телефон.
 
Што се однесува до погонот, секој Audi A8 во понудата е хибрид. Автомобилот ќе биде достапен со две V6 опции, и тоа бензински турбо V6 3.0 TFSI кој располага со 340 коњски сили, и дизелски 3.0 литарски TDI мотор со 286 коњски сили.
 
Двата арегати имаат нов хибриден систем кој овозможува гасење на моторот на растојание до 40 секунди при бризни од 57 до 150 километри на час.
 
Во иднина ќе биде достапен и 4.0 литарски V8 мотор во дизел и бензинска верзија, како и W12 мотор, електричен и plug-in hibrid мотор.
 

Audi A8 2010
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Премиерa



 
 
 
 






Одберете нов автомобил