Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ       СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Занимливости > Рекорд за Гинис - Fiat и Esselunga испорачаа 1.495 Fiat 500 за помалку од 48 часа
 
Spodeli
06 July 2017, 17:53


Рекорд за Гинис - Fiat и Esselunga испорачаа 1.495 Fiat 500 за помалку од 48 часа Fiat 500 Рекорд за Гинис - Fiat и Esselunga испорачаа 1.495 Fiat 500 за помалку од 48 часа
1.495 Fiat 500 преземени во само два дена од страна на среќните добитници на конкурсот објавен од Fiat и Esselunga. Историски настан, потврден со официјалното присуство на судији од Guinness World RecordTM кои го потврдија влезот во книгата на рекорди....
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Сите оние кои го преземаат својот автомобил Fiat 500 “Esselunga” придонесоа да се испише историјата на ова партнерство за рекорд. Добитниците пристигнаа од сите краишта на Италија: Лацио, Тоскана, Емилиа Ромања, Венето, Лигурија, Ломбардија и Пиемонте.

Посебен впечаток оставија 1.520 Fiat 500 во бела пастелна боја поставени долж пистата за проби во фабриката во Мирафиори, местото на кое се тестирани безброј возила кои придонесоа да се изгради историјата на марката.
 
 
Специфичниот модел е создаден во соработка со Центарот за дизајн на Fiat токму за конкурсот, co посебно наменета персонализација. На основата на нивото на опременост Lounge 1.2 69 КС поставени се: ексклузивен беџ “Esselunga” на рамката, плочка со реден број во внатрешноста, хромиран заден дел на надворешните ретровизори и специфични наплатки од 14″ “Color Therapy”.
 
Fiat 500 носител на конкурсот, е со бела пастелна боја со внатрешност во боја на слонова коска. Сериската опременост е многу богата и вклучува 7 воздушни перничиња, клима уред, систем infotainment Uconnect 5″ Radio LIVE, влез AUX-IN и USB, команди на волан и дневни LED светла.
 
 
Овој рекорд и соработката со Esselunga ја потврди единственоста која отсекогаш ја карактеризира историјата на Fiat 500 и придонесува за неговиот светски успех. Esselunga, за да ги прослави 60-те години од работењето, избра еден посебен автомобил, единствен од тој вид, за да ја награди верноста на клиентите кои секојдневно продолжуваат да ги бираат производите и услугите кои тие ги нудат, споделувајќи ги истите вредности, како вниманието кон клиентите и единственоста кои ги здружуваат Fiat и Esselunga.
 


Fiat 500
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Занимливости



 
 
 
 






Одберете нов автомобил