Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Премиерa > Пристигна новата X3 серија на BMW
 
Spodeli
02 July 2017, 17:04


Пристигна новата X3 серија на BMW BMW X3  Пристигна новата X3 серија на BMW
Истата ќе биде лансирана во ноември оваа година...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

BMW X3 е автомобил кој од 2003 година, важи за лидер на SAV сегментот, односно возило за спортски активности.
 
Од тој момент, па се до денес, BMW забележа повеќе од 1.5 милиони нови регистрации на моделот X3 во текот на двете генерации на моделот.
 
 
А сега, новиот BMW X3 е подготвен за испитување на следното поглавје во оаа приказна за успех, со највпечатлив динамичен дизајн, силен, но ефикасен погонски склоп и луксузни додатоци.
 
Како и сите члленови на успешното X семејство, тој комбинира извонредни квалитети поврзани со возењето на било кој терен со неограничена секојдневна употребливост.

Паметен дизајн и три верзии на моделот

Третата генерација на BMW X3 го следи патот на своите претходници комбинирајќи робустен off-road изглед со спортска присутност.
 
Неговите познати пропорции, вклучувајќи ги и кратките предни и задни препусти, креираат совршена распределба на тежината од 50:50 помеѓу предната и задната осовина. Моќната динамична намера на новиот BMW X3 модел е нагласена со крупна маска и светла за магла со хексагонален дизајн кој за прв пат се користи на BMW X модел. На задната страна, светлосните кластери (чиј тродимензионален изглед во дополнителната опрема со LED технологија дава совршен визуелен впечаток), кровниот спојлер, како и издувните цевки кои го прават автомобилот привлечен за сечие око.
 
Внатрешноста на новиот BMW X3 модел прикажува беспрекорен спој, завршна обработка и квалитетни материјали, а е доста покласичен и полуксузен од својот претходник. Нивото на удобност значително е зголемено со бројните нови опции како што се автоматската контрола на климата која има три начини на работа, како и панорамски стаклен кров, кој дополнително придонесува кон удобноста и квалитетот на внатрешноста на моделот.
 
 
Кога веќе сме кај опремата, BMW понуди интересен новитет, односно BMW клуч со екранче, кој не само што го заклучува и отклочува автомобилот преку далечинско управување, туку и клучот прикажува различни информации за состојбата на возилото и служи како контролна единица за, на пример, дополнително помошно загревање на автомобилот.

Оптимизирана комбинација на динамичка острина и удобност при возењето

Инжинерите на BMW користеле далекосежни модификации на шасијата се со цел значајно да ја подобрат возната динамика, стабилноста при одржување правец при управување со новиот BMW X3 модел. Автомобилот настојувал кон уште поспортски правец од претходникот, но го избегнуваше ризикот од загрозување на удобноста на возење. Опциите на шасијата вклучуваат M Sport суспензија, динамички надзор на амортизерите (Dynamic Damper Control), M Sport сопирачки и променливо спортско управување.

Интелигентен лесен дизајн и ефективноста на моторите на BMW

Двата дизел мотори и трите бензински погонски единици ќе бидат достапни од лансирањето (или набрзо после тоа) за новиот BMW X3 модел. BMW X3 M40i 265 kW/360 коњски сили (комбинирана потрошувачка на гориво: 8,4 - 8,2 литри на 100 километри, додека BMW X3 xDrive 30i моделот произведува 252 коњски сили, со комбинирана потрошувачка на гориво од 7,4 литри на 100 километри. 
 
Двата дизелски модели се BMW X3 xDrive20d со 190 коњски сили и потрошувачка на гориво од 5,4 до 5,0 литри на 100 километри, како и BMW xDrive30d со 265 коњски сили и потрошувачка на гориво од 6,0 до 5,7 литри на 100 километри.
 
 
BMW X320i ќе пристигне со 184 коњски сили и потрошувачка на гориво од 7,4 до 7,2 литри на 100 километри, а изборот за погон на сите тркала надвор од Европа, ќе биде достапен веднаш после лансирањето на овој модел на пазарот.
 
Примената на BMW EfficintDynamics стратегијата за развој на новиот BMW X3 модел вклучува и погонски склопови кои го оптимизираат трошењето на гориво и опсежната примена на интелигентни мерки за дизајнот креиран од лесни материјали. На пример, зголемената употреба на аломиниумски компоненти во моторот и суспензијата, ја намали тежината на релевантните склопови.
 
Освен тоа, новиот BMW X3 модел е за 55 килограми полесен од претходните модели со слични спецификации. Дополнително, новиот BMW X3 модел има коефициент на отпор на воздухот 0,29.

BMW ConnectedDrive: Полуавтоматизирано возење и најмодерна поврзаност

Кога станува збор за BMW личниот копилот кои се фокусира на системи за помош на возачот и полуавтоматско возење, новиот BMW X3 модел може да се опише како опција со најнова генерација на активен темпомат и Security Plus пакет за помош при возењето, вклучувајќи асистент за управување и возење, асистент за промена на трака и асистент за возење во сообраќајна лента со бочна заштита од судир. Оваа опсежна понуда на системи за помош на возачот обезбедуваат јасна разлика помеѓу новиот BMW X3 модел и неговите конкуренти.
 

BMW X3
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Премиерa



 
 
 
 






Одберете нов автомобил