Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Премиерa > Seat Aron пристигна на пазарот на кросовери од B сегментот
 
Spodeli
02 July 2017, 16:25


Seat Aron пристигна на пазарот на кросовери од B сегментот   Seat Aron пристигна на пазарот на кросовери од B сегментот
Купувачите ќе можат да бираат помеѓу 68 комбинации на бои...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

За Nissan Juke, Renault Captur, Opel Mokka, Peugeot 2008 и останатите кросовери од B сегментот, јуни не беше незаборавен.
 
Не, не е работата во продажбата, ан сите им оди добро, но во јуни добија три нови конкуренти. Први пристигнаа Hyundai Kona и Kia Stonic, а сега во Барселона е претставен и Seat Aron.
 
Овој автомобил е изграден на иста MQB A0 платформа, како и новата Ibiza.
 
Автомобилот е долг 414 сантиметри и има пластични облоги околу браникот и праговите, и е за 9,9 сантиметри повисок од тлото во однос на Ibiza моделот.
 
Внатрешноста не нуди премногу возбудувања, но тука е се што му треба на еден возач. А со доплата можете да го подигнете нивото на луксуз и безбедност во автомобилот.
 
Компанијата се фокусираше да на потенцијалните купувачи им понуди голема можност за персонализација, па истите можат да избираат помеѓу 68 комбинации на бои.
 
Стандардниот бензински мотор во понудата е 3-цилиндарски 1,0 литарски TSI мотор со 95 и 115 коњски сили. Aron FR има вграден 1,5 литарски TSI мотор со 4 цилиндри и моќност од 150 коњски сили.
 
Дизелската верзија пак, е создадена од 1.6 литарските TDI мотори со моќност од 95 и 115 коњски сили.




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Премиерa



 
 
 
 






Одберете нов автомобил