Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Премиерa > Hyundai Ioniq станува адут за сите таксисти
 
Spodeli
01 July 2017, 15:39


Hyundai Ioniq станува адут за сите таксисти   Hyundai Ioniq станува адут за сите таксисти
Моделот е навистина неверојатен, а има и 15% пониска цена од Toyota Prius моделот...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Компактната хибридна лимузина со бензински мотор од 105 коњски сили и електромотор од 32 kWh, е прилагодена специјално за таксистите.
 
 
Хајката на дизелаши, посебно се одржува на такси пазарите, кој поради неможноста за исполнување на еколошките норми, се повеќе се отстранувани од градските средини.
 
 
Токму поради ова, овие автомобили се навистина барани од таксистите, а компаниите ги прилагодија специјално за нив.
 
Еден од новите адути на корејската компактна лимузина Hyundai Ioniq, е токму овој пазар, а овој автомобил влегува во ринг со Toyota Prius.
 
 
Ioniq е компактна лимузина која ќе претставува главен конкурент на Toyota Prius.
 
Во Германија е понуден и такси модел (прилагоден за такси служба, со доработени седишта и посебна опрема), за 23,900 евра. За споредба, Toyota Prius чини 28.150 евра.
 
 
Oioniq е компактна лимузина долга 4470, широка 1821 и висока 1450 милиметри, со меѓуоскино растојание од 2700 милиметри, направена на иста платформа и со иста погонска механика како Kia Niro. 
 
 
Овој модел се произведува како хибрид, plug-in хибрид и електричен автомобил со максимална автономија од 250 километри.
Во хибридната верзија овој автомобил е придвижуван од бензински 1.6 литарски мотор со директно вбризгување, моќност од 105 коњски сили и електромотор од 32 kWh и користи литиум-јонски батерии со капацитет од 1,6 kWh.
 
 
Овој автомобил од 0 до 100 километри на час, забрзува за 10,8 секунди, а постигнува максимална брзина од 185 километри на час, додека неговата потрошувачка изнесува 4 до 5 литри.
 
 
Такси службата е навистина напорна за секој автомобил, па компанијата обезбеди полна гаранција за автомобилот на три години и поминати 100.000 километри, додека на потрошните делови, гаранцијата трае 2 години и границата изнесува 40.000 километри.
 
 
Првите германски таксисти кои го купија овој модел се презадоволни од неговите карактеристики, па не треба ниту да се сомневаме во успехот на овој концепт, кој би можел да стане интересен и кај нас.
 




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Премиерa



 
 
 
 






Одберете нов автомобил