Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Премиерa > Hyundai Kona, фраерски кросовер од B-сегментот
 
Spodeli
22 June 2017, 19:50


Hyundai Kona, фраерски кросовер од B-сегментот   Hyundai Kona, фраерски кросовер од B-сегментот
Корејскиот кросовер ја загрижи својата конкуренција...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

 
Со атрактивен стил и филигранска верзија, овој автомобил претставува вистинска конкуренција за Mazda CX-3 и Kia Stonic, а истиот е длог 416 сантиметри, и е придвижуван од 1,6 T-GDI мотор со моќност од 177 коњски сили, кои овозможуваат автомобил од 0 до 100 километри да забрза за 7,7 секунди. 
 
 
Класата на мали кросовери добива силен играч, од концернот Hyundai-Kia. Станува збор за два модели, Hyundai Kona, за кој станува збор, и наскоро, неговиот технолошки близнак Kia Stonic. После нивното доаѓање, повеќе ништо нема да биде исто.
 
 
Hyundai Kona со габарити 416 х 180 х 155 сантиметри, поготово во ширина, покажува игра на голем комфор, автомобил кој има пристојно меѓуоскино растојание од 260 сантиметри. Првите резултати се прилично уверливи. Дизајнот, е навистина импресивен, а тоа го потврдува и коефициентот за отпор на воздухот од само 0,29, а внатрешноста на автомобилот обезбедува комфор за сите пет патници.
 
 
Ентериерот е функционална комбинација на врвна класика и висока технологија, а квалитетот на материјалот на Hyundai, полека се исчакува кон врвот. Во понудата моментално се најдоа две турбобензински верзии, 3-цилиндарски 1.0 литарски T-GDI мотор со моќност од 120 коњски сили, и 4-цилиндарски 1.6 литарски T-GDI мотор со 177 коњски сили, за кои можете дополнително да доплатите и да добиете верзија со погон на сите четири тркала.
 
 
Посилната верзија е комбинирана со 7-степенски автоматски менувач со двојно квачило и седум степени, кои овозможуваат спринт до стотка за само 7,7 секунди. Тоа само по себе ја потврдува првокласната верзија. Следната година доаѓа нов турбодизелски 1.6 литарски CRDI агрегат со моќност од 116 и 136 коњски сили, и со осум проценти пониска потрошувачка од досегашните.
 
 
Во многу работи Kona е технолошки бисер и со права многу конкуренти се сериозно загрижени. Проажбата во Германија започнува во средината на летото, каде што почетната верзија ќе чини 17.500 евра. Корејците навистина докажаа дека не се шегуваат кога се во прашање автомобилите.
 




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Премиерa



 
 
 
 






Одберете нов автомобил