Тениските натпревари се одиграа помеѓу аматери кои освен што имаат желба да играат тенис, истовремено помагаат и имаат хуманитарна улога.
Одлучено е оваа година средствата да бидат наменети за купување на апарати за домаќинство за Дневниот центар за деца од улица, Шуто Оризари.
Котизацијата за учество во натпреварот имаше статус на донација од секој учесник и изнесуваше 1200 мкд за членови на Ротари клубот и 600 мкд за членови на Ротаракт клубот.
Саботното сончево претпладне беше одлична прилика многуте гости одблизу да ги видат и моделите 208 и 2008.
Покрај хуманитарниот карактер на настанот, натпреварувачите дополнително ќе бидат мотивирани со награда за освоено прво место: викенд возење со Peugeot возило.
|