Ampera-e има автономија од речиси 500 километри.
Ватикан е уште еден чекор поблиску кон исполнувањето на целта да стане првата "CO2 free" држава на светот.
Добро, кога сте најмала земја на светот, тогаш тоа ви е полесно од другите, поготово и што Ватикан струјата која ја троши ја произведува надвор од своите граници.
А тука е и папата Фрањо, кој обожава еко-фриендли возила. Како подарок од Opel доби Ampera-e.
Не се работи за моделот темелен на Chevrolet Volt. Opel Amera-e е европска верзија на електричниот комапкт Chevy Bolt, која има автономија од речиси 500 километри.
Нема сомнеж дека папата Фрањо ужива во текот на возењето знаејќи дека не и наштетува на природата.
|