Багажниот простор изнесува 300 литри, а пристигнува со 3-цилиндарски 1.0 литарски агрегат со 77 коњски сили.
Fiat Punto од третата генерација на пазарот пристигна во 2005 кога, кога беше претставен како Grande Punto. Интересен модел е поради технолошките сличности со Opel Corsa (платформа, подвозје, управувачки механизам, дизел мотор), што е заслуга на краткотрајниот брак на GM и Fiat. Првиот редизајн од 2009 година, го доби името Punto Evo, а другиот во 2012 година, го стави името на само Punto.
Толку долг век помалку заслуга имаат и неговите мани, според кои може да се оспори, а повеќе и недостаоткот на желба за развој на наследници, а и фоксуирање на други модели.
Моделот од B-сегментот е долг 400, широк 175 и висок 152 сантиметри, со меѓуоскино растојание од 253 сантиметри, нуди комфор во врвна класа, што го потврдува и фактот дека багажниот простор на автомобилот изнесува 300 литри.
Моделот е креиран на нова платформа MP1, на која наскоро ќе биде скроена и седанска верзија, како и pick-up. а стилскиот изглед, проценете сами, нам ни изгледа повеќе од добро.
Автомобилот ќе биде придвижуван од 3-цилиндарски атмосферски бензински мотор со работна зафатнина од 1.0 литри, со моќност од 77 коњски сили.
Над него е 4-цилиндарски 1.3 литарски мотор со 139 коњски сили. Првите две верзии ќе пристигнуваат со мануелен 5-степенски менувач и 5-степенски автоматски, додека за најсилната верзија е предвиден 6-степенски мануелен и 6-степенски автоматски менувач.
|