Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Премиерa > Новиот модел BMW M4 CS
 
Spodeli
04 June 2017, 19:16


Новиот модел BMW M4 CS BMW M4  Новиот модел BMW M4 CS
Специјална верзија, која ќе се произведува во ограничен број од 2017 до 2019 година...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Новата BMW M4 CS верзија има комбинирана потрошувачка на гориво од 8,4 литри на 100 километри.
 
Новиот модел BMW M4 CS, специјалната верзија на BMW M GmbH, ќе се произведува во ограничен број од 2017 до 2019 година.
Со моделот М4 CS MW M GmbH исто така воведува нова номенклатура за своите модели.
 
 
Поставена над стандардните M модели ќе биде Competition верзија со подобрени перформанси. Потоа, доаѓа посебна верзија на CS моделот, кој е еден степен повисок од останатите. На врвот се наоѓаат милениците на брендот, со максимални перформанси кои покажуваат јасен моторспорт или клупски спортски карактер, но иста така се во целост легални.
 
новиот модел BMW M4 CS е опремен со шестцилиндарски мотор M TwinPower Turbo технологија која ја докажа својата моќ во постоечките BMW M4 модели. Тој ја канализира силата на моторот преку М пренос со двојно квачило со седум брзини.
 
 
Излезната сила на новиот модел BMW M4 CS е зголемена на 388 kW/460 коњски сили (10 коњски сили повеќе од моделот BMW M4 со Competition пакет) и најголем вртежен момент до 600 Nm (+50 Nm). Заштедата на гориво и емисијата на штетни гасови се еднакви со оние во моделот BMW M4 Coupe со DCT (комбинирана потрошувачка на гориво: 8,4 литри на 100 километри).
 
Како и останатите BMW M4 модели, новиот модел BMW M4 CS e усовршен на патеката Nurburgring Nordschleife. Најбрзиот круг на моделот изнесува 7 минути и 38 секунди.
 
 
Една од клучните состојки во врвната динамичка способност на новиот модел BMW M4 CS е примената на лесниот дизајн. Поклопецот на моторот, кровот, предниот разделник, задниот дифузер, па дури и едноделната погонска осовина се состојат од зајакната пластика и јаглеродни влакна. Резултатот е ниска тежина, која изнесува 1.580 килограми.
 
Техничките податоци за моделот BMW M4 CS се следните. Автомобилот е придвижуван од шестцилиндарски мотор со M TwinPower Turbo технологија (со два mono-scroll турбополначи, со високо прецизен систем за вбризгување, променлива работа на вентилите и променлива работа на брегастата осовина. Максимланата брзина на автомобилот изнесува 280 километри на час, додека потрошувачката на гориво изнесува 8,4 литри на 100 километри. 
 

BMW M4
 Фотогалерија




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Премиерa



 
 
 
 






Одберете нов автомобил