Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ТЕМА        КОЛУМНА       ТЕХНОЛОГИЈА       ИНТЕРВЈУ       ИСТОРИЈАТ        ФОТО НА ДЕНОТ        ИНФО       ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ        ВИЕ КАЖАВТЕ
Насловна > Новости > Колумна > Зошто всушност во Скопје се создава целиот тој сообраќаен метеж?
 
Spodeli
30 May 2017, 10:33


Зошто всушност во Скопје се создава целиот тој сообраќаен метеж?  Зошто всушност во Скопје се создава целиот тој сообраќаен метеж?
Кој, и зошто го создава сообраќајниот метеж во главниот град?...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Кога наредниот пат ќе се најдете во сообраќаен метеж, односно пред вас се наоѓаат стотици автомобили, а знаете дека токму на таа рута нема ниту поправки на патот, ниту сообраќајна несреќа, тогаш кој е креатор на сообраќајниот метеж?

Сообраќајниот метеж создаден од стотици возила, може да биде создаден од само еден автомобил.
Доколку нема поправки на патот на кој се наоѓате, или пак сообраќајна несреќа, а има преголем сообраќаен метеж, најверојатно е предизвикан од автомобил кој нагло сопрел (најчесто поради пропуштање на возила чиј сопственик е во брзање па пробува да се протнува во секоја лента каде што ќе види слободно одвивање на сообраќајот). 
 
Кога едно возило ќе сопре, се создава домино ефект врз сите возила кои се наоѓаат позади него, токму тоа е главната причина за создавање на сообраќајниот метеж во големите градови.
 
Според едно истражување кое беше спроведено од неколку професионални возачи, кои возеа на раздалеченост од 22 километри, едниот менуваше ленти, додека другиот возеше заглавен само во една, беше заклучено дека автомобилот кој менува ленти, допринесува значително во зголемувањето на сообраќајниот метеж, поради фактот што останатите автомобили мора да сопрат за да го пропуштат, додека другиот автомобил наменет за потребите на истражувањето, стрпливо чекаше во својата лента.
 
Крајните резултати шокираа многумина, автомобилот кој менуваше ленти, пристигна на целта само 2 минути пред автомобилот кој стрпливо возеше само во една лента, да не заборавите, се работи за 22 километри возење.
 
Според експертите, сообраќајните гужви се креирани и од страна на семафорите, кои се осмислено сообраќајно решение за лимитиран број на возила, за разлика од кружните текови, триаголниците и сообраќајните острови.
 
Па, наредниот пат кога ќе се најдете во сообраќаен метеж, а знаете дека патот на кој се наоѓате не е опфатен од градежни работи, или пак на истиот нема сообраќајна несреќа, бидете трпеливи и не менувајте ленти постојано, доколку истото не е потребно за да стигнете до посакуваната локација, бидејќи дополнително ќе придонесете за зголемување на сообраќајниот метеж во вашиот град.




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Колумна



 
 
 
 






Одберете нов автомобил