Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ      СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Новитет > Рестилизиран FIAT 500L
 
Spodeli
30 May 2017, 10:26


Рестилизиран FIAT 500L Fiat 500L Рестилизиран FIAT 500L
После пет години на пазарот, FIAT 500L е рестилизиран, а покрај освежениот изглед и побогатата опрема, тука се и новите имиња за досегашната верзија....
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Италијанскиот производител FIAT претстави рестилизирана верзија на својот популарен модел 500L, кој се произведува во Крагуевац, а покрај стандардната верзија, модернизирани се и Trekking и Living, кој отсега имаат нови имиња - Cross и Wagon.

Како што може да се заклучи и од фотографиите, FIAT 500L визуелно остана доследен на својот досегашен дизајнерски правец, со измени на предниот и задниот браник, како и новата маска на ладилникот и LED дневните светла.
 
Внатрешноста на возилото исто така е унапредена, започнувајќи од инструмент таблата, преку управувачот, па се до централната конзола и дисплејот на мултимедијалниот систем. Најголема измена е забележителна кај главната инструментација, која сега доби и дигитален колор дисплеј, помеѓу двата аналогни покажувачи (брзинометарот и обртометарот).
 
 
Наместо досегашниот четвртаст управувач, кој можеше да се сретне и кај моделот Panda, рестилизираниот модел 500L сега доби волан налик на моделот 500.
 
Што се однесува до моторизацијата, тука е веќе познатиот 1,4 литарски атмосферски бензински мотор од 95 коњски сили, но и T-Jet верзија со моќност од 120 коњски сили, како и 0,9 литарски TwinAir турбо мотор со моќност од 105 коњски сили.
 
Дизел монудата ја сочинуваат 1.3 литарскиот MultiJet мотор со моќност од 95 коњски сили, како и посилниот 1.6 литарски MultiJet мотор со моќност од 120 коњски сили.
 
FIAT може да се пофали и со погонски единици на алтернативно гориво, како што е 1.4 T-Jet агрегат со моќност од 120 коњски сили кој користи и TNG, а тука е и 0,9 литарскиот Twin Air кој за погон користи CNG (метан).
 
Она што е интересно да се нагласи е дека рестилизираниот 500L модел ќе добие и некои напредни системи за безбедност, како што е системот за автоматизирано сопирање (Autonomous City Brake), кој автоматски го запира возилото до брзина од 30 километри на час, во случај на проценка дека сударот е неизбежен.
 
 
 
 

Fiat 500L
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Новитет



 
 
 
 






Одберете нов автомобил