Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ      СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Новитет > За индивидуалци: новата Opel X-гама со "X" фактор
 
Spodeli
23 May 2017, 10:31


За индивидуалци: новата Opel X-гама со "X" фактор Opel Mokka X За индивидуалци: новата Opel X-гама со "X" фактор
Opel е еден од ретките производители, кој може да се пофали да во сегментот на кросовери, односно компактни SUV автомобили, на пазарот претстави дури три нови претставници...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Opel Mokka X, Opel Crossland X и Opel Grandland X - ова се трите членови на новата фамилија на Opel модерни SUV и кросовер модели. Crossland X и Grandland X, новитети со вистински X фактор, се одговор на експанзијата на Opel со SUV сегментот. Кога ќе пристигнат на пазарот во наредниве месеци, се очекува значајно да допринесат во растот и зајакнувањето на брендот. X моделите на Opel се дизајнирани по сечиј вкус и за секоја индивидуална потреба. Еден од бестселерите и трендсетерите во класата на мали SUV модели е веќе добро познатиот и докажан модел Mokka X. Покрај него, новите моделите Crossland X и Grandland X дополнително ќе допринесат во офанзивата на Opel, односно седум нови модели во текот на 2017 година. Gama X моделите имаат голема и значајна улога благодарение на нивниот атлетски дизајн и нивните SUV квалитети.

 
 
Opel Mokka X беше прв член на X гамата и со 750.000 продадени примероци претставуваше голем успех за Opel. Возачите на моделот Mokka X уживаат во типично возвишена позиција на седење, што допринесува до значително подобра прегледност. Компактниот авантурст е навистина забележителен, првенствено, благодарение на спортскиот, атлетски дизајн. Широката каросерија, скромната должина од 4,28 метри, оддава впечаток дека во прашање е автомобил кој е создаден за акција и авантура. Затоа, овој модел се нуди со опционен погон на сите четири тркала, а овој модел осви и две награди од типот "Автомобил на годината со 4x4 погон".
 
Opel Crossland X го дополнува портфолиото на компактни кросовери на Opel. Тој превзеде многу карактеристики од моделот Mokka X, како што се подигнатата позиција на седење атлетскиот дизајн. Иако Crossland X импресионира со опционата двобојна каросерија и моќниот SUV изглед, тојво кабината овозможува пространост и флексибилност. Иако должината на неговата каросерија изнесува само 4,21 метри, тој обезбедува доволно простор за пет патници и багажен простор со зафатнина од 520 литри, благодарение на задната клупа која е поместена за 150 милиметри кон предниот дел. Со соборена задна клупа, багажниот простор се зголемува на 1,255 литри. Со единствена комбинација на функционалност, агилност и спортска елеганција, Opel Crossland X е идеален автомобил и за кратки, но и за долги патувања. Во прашање е идеален и сеопфатен компактен кросовер наменет за семејствата кои живеат во урбаните средини.
 
 
Последниот, но не и најмалку важен, Grandland X, најголем во понудата, покрај моделот Mokka X и Crossland X, го претставува Opel во SUV C сегментот, а ќе пристигне на пазарот оваа есен. Должината на неговата каросерија изнесува 4,48 метри, а истата обилува со динамичност и елеганција. Овој компактен SUV модел има багажен простор со максимална зафатнина од 1.652 литри, а и покрај фактот дека пространоста е главен адут, овој модел може, на пример да се порача со црн кров, што допринесува кон неговата персонализација. Под допадливата каросерија, Grandland X доаѓа со иновативни технологии како што е системот "Grip Control", кој го подобрува контактот со подлогата, како и адаптивниот темпомат со опција за препознавање на пешаци, систем за предупредување на поспан возач, како и камера од 360 степени. 
 
 
Сите овие карактеристики и дополнителна опрема го прават Opel Grandland X вистински миленик во компактната SUV класа.
 
Покрај тоа, како и малите модели во X гамата, така и Grandland X нуди високо ниво на комдитет, благодарение на опционите седишта со AGR (Aktion Gseunder Rucken e.V) сертификат за возачи и совозачи. Покрај тоа, за комфорот допринесува и сега веќе традиционалната поврзаност на Opel со паметните уреди, како IntelliLink системот кој е компатибилен со Apple и Android уредите.
Со бестселерот Mokka X и новиот Crossland X, Opel Grandland X нуди спортски стилизирана и практична понуда на модели, опремени со иновативни технологии, со што се комплетира понудата за најширока група на купувачи во оваа класа.

Opel Mokka X
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Новитет



 
 
 
 






Одберете нов автомобил