Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ       СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Тјунинг > Новото BMW M240i M Performance Edition
 
Spodeli
23 May 2017, 10:26


Новото BMW M240i M Performance Edition BMW M2  Новото BMW M240i M Performance Edition
Атрактивните делови на M Performance моделот, го подобруваат динамичниот карактер на спортското купе...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Минхен. Желбата за индивидуализација останува непрекината. Со деловите на M Perfromance, BMW им нуди на спортски ориентираните корисници, можност да го прилагодот својот автомобил кон нивните желби.
 
Со новата BMW M240i M Performance Edition, BMW M сега започнува посебна серија во склад со тој тренд.
 
Дизајнирана се со цел да ја изрази спортската привлечност на компактното спортско купе. Edition моделот, веќе содржи многу надворени висококвалитетни компоненти од програмата на додатокот M Performance ex works. Тие се внимателно искомбинирани и дополнително го подобруваат спортскиот изглед и динамичната привлечност на силното купе. Јаглеродните влакна или деловите со црни детали овозможуваат препознатливи контрасти со алпските бели бои. 
 
 
BMW M240i M Performance Edition е придвижуван од шестцилиндарски мотор од 250 kW/340 коњски сили, со M Performance TwinPower Turbo технологија.
Комбинираната потрошувачка на гориво изнесува 8.5 - 7.7 литри на 100 километри, додека комбинираната емисија на штетни издувни гасови изнесува 195 - 176 грама CO2 на еден километар.
Атлетскиот изглед на компактното спортско купе е нагласен со големи лакометални тркала од 19 инчи, опремени со 225/35 R19 (предни пневматици) и 245/30 R19 (задни пневматици). 
 
Висококвалитетните двокраки ковани тркала имаат завршна обработка во двобојна Orbit сива боја и имаат дијамантно полирана видлива страна: на предната страна посебно се одликуваат аеродинамичните делови кои се состојат од всисувачи на воздух, разделник, како и предниот дел од браникот, чиј спојлер е обработен во црна, мат боја.
 
Решетката на ладилникот, вклучувајќи ја и решетката на маската се исто така црни. Делумна, обоениот заден дифузер и задниот спојлер од јаглеродни влакна дополнително допринесуваат за изразената привлечност на автомобилот. Јаглеродните влакна и црната боја и овде овозможуваат импресивен контраст на белата боја на автомобилот.
 
 
Траката на издувните цевки од јаглеродните влакна и вметнатиот логотип M; го нагласуваат тркачкиот карактер на моделот од ова издание. Затемнетото куќиште на надворешните ретровизори од јаглеродни влакна и бочните прагови со обложен натпис M Performance го заокружуваат динамичниот изглед на BMW M240i M Performance Edition.
 
Силниот модел BMW M240i M Performance Edition може да се порача со мануелен менувач со 6 брзини на преносот или со Steptronic спортски менувач со 8-степенски пренос.
Освен тоа, BMW системот xDrive е опциси достапен за купе моделот со високи перформанси. Во овој случај, автомобилот секогаш доаѓа со автоматски пренос.
 
Компактниот спортски автомобил има импресивни перформанси. Во комбинација со погон на сите четири тркала, автомобилот од 0 до 100 километри на час забрзува за само 4,4 секунди, додека максималната брзина на автомобилот е 250 километри на час.
 
BMW M240i M Performance Edition е ограничен на 750 примероци и ќе биде достапен до крајот на оваа година.
 
 




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Тјунинг



 
 
 
 






Одберете нов автомобил