Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ      СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Новитет > BMW ја претстави својата рестилизирана Серија 2
 
Spodeli
15 May 2017, 23:22


BMW ја претстави својата рестилизирана Серија 2 BMW Серија 2 BMW ја претстави својата рестилизирана Серија 2
Германскиот производител на автомобили ја рестилизираше својата Серија 2, и тоа редизајн добија Coupe, Cabrio, но и спортската M2 верзија...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

BMW ја претстави рестилизираната Серија 2, како во Coupe, така и во Cabriolet верзијата, а тука е и миленикот во понудата - спортската верзија M2.

Визуелните измени се дискретни и подразбираат нешто пошироки колкови, нови предни LED светлосни групи, редизајн на задните светлосни групи, како и модифицирани аломиниумски фелни во димензии од 16 до 18 инчи.
 
Во рамките на модернизацијата, опфатен е и ентериерот на возилата, така што редизајн добија и нивните инструменти, како и 8,8 инчниот дисплеј, кој функциуонира во состав на iDrive инфо-забавниот систем.
 
 
Што се однесува до погонските единици, тие се веќе познати од порано, а тргнуваат од основиот 218i, па се до M240i бензински мотор, додека палетата на дизел мотори започнува од моделот 218d, па се до најсилниот 225d мотор. Во автомобилите стандардно се испорачува 6-степенски мануелен менувач, додека 8-степенскиот автоматски менувач е дополнителна опција во поголемиот дел понудени модели.
 
Љубителите на BMW автомобилите најмногу ќе се израдуваат на најсилната, спортска  верзија M2, иако и таа, како и нејзините послаби роднини, доаѓа со практично неизменет 3,0 литарски мотор со моќност од 370 коњски сили и 465 Nm вртежен момент.
 
 
 




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Новитет



 
 
 
 






Одберете нов автомобил