Во Ferrari работат на наследник за хибридниот модел LaFerrari. Ќе биде интересно да се види како инжинерите од Маранело ќе го надминат сопственото хибридно ремек-дело.
Поготово кога се знае дека под хаубата се наоѓа 6.3 литарски V12 агрегат спарен со електромотор, кои во комбинација развиваат 963 коњски сили и 900 Nm.
Овој автомобил од 0 до 100 километри забрзува за 2,9 секунди, додека неговата максимална брзина изнесува 350 километри на час. Наследникот ќе пристигне на пазарот за три, до најмногу пет години. Се размислувало да во новиот хиперавтомобил биде вграден погонски склоп од F1 болид, но од тоа се откажале во последен момент поради бројните делови кои морале постојано да се произведуваат поради трајност.
Ferrari со тоа се обиде со моделот F50, но експериментот за жал беше неуспешен. Новиот хиперавтомобил исто така ќе има хибриден погонски склоп, а веројатно ќе поседува моќност од најмалку 1100 коњски сили.
|