Овој модел на купувачите ќе им биде понуден и во OPC верзија со 1.6 литарски мотор.
Новата Opel Corsa на пазарот пристигнува во 2019 година. Шестата генерација требаше да добие технологија превземена од General Motors, но овие денови сепак е одлучено да PSA групацијата, го опреми автомобилот на Opel од "B сегментот" со делови, подвозје и технологија.
Понудата на моторите нема да биде изненадување, под лимот ќе се вградуваат 3 и 4 цилиндарски дизел и бензински мотори, но постои и можност за лесна електрификација.
На купувачите ќе им биде достапна и OPC верзија на Corsa со 1,6 литарски мотор. Така што, новата Corsa ќе биде своевиден технолошки роднина на неодамна воведениот Citroen C3 и идниот Peugeot 208.
|