Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ТЕМА        КОЛУМНА        ТЕХНОЛОГИЈА       ИНТЕРВЈУ       ИСТОРИЈАТ        ФОТО НА ДЕНОТ        ИНФО       ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ        ВИЕ КАЖАВТЕ
Насловна > Новости > Интервју > Интервју - Маја Лапе Трајкова, NLB Лизинг
 
Spodeli
12 August 2010, 12:11


Интервју - Маја Лапе Трајкова, NLB Лизинг  Интервју - Маја Лапе Трајкова, NLB Лизинг
Што е лизинг, зошто лизинг, а не кредит, Можни ли се преговори околу цената или условите со лизинг компанијата?... Поразговаравме со генералниот менаџер на NLB Лизинг, Македонија...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Што е лизинг?
Основната идеја на лизингот поаѓа од тоа дека за некој предмет или добро да ви користи и да создава профит, не мора да го поседувате. Односно, употребната вредност на предметите доаѓа со нивната употреба, а не со самата сопственост. Врз оваа едноставна, но генијална идеја, се развива концептот на лизингот како метод на финансирање каде лизинг компанијата купува средство по избор на корисникот на лизинг и му го дава на користење под однапред определени услови во договорот за лизинг за определен месечен надомест. Со отплаќањето на сите рати, сопственоста преминува од лизинг компанијата на корисникот на лизинг. Кај лизингот на одреден начин доаѓа до одвојување на правната и економска сопственост на предметите- сопственик на предметот е лизинг компанијата, а економски средството го користи корисникот на лизинг.


Зошто лизинг, а не кредит?
Лизингот е многу побрз и поедноставен начин на финансирање, и пред се флексибилен, бидејќи овозможува креирање на финансиски аранжман (траење, учество) кој оптимално одговара на потребите на корисникот на финансирање.  Дополнително, бидејќи обезбедување на финансирањето е сопственоста над предметот на финансирање на лизинг компанијата, лизингот има помали трошоци во споредба со другите начини на финансирање- нема трошоци за залог, хипотека и сл.

Можни ли се преговори околу цената или условите со лизинг компанијата?
НЛБ Лизинг има своја деловна политика, која јасно ги определува условите на аранжманот во зависност од предметот на лизинг, неговата вредност, траењето на лизингот и бонитетот на клиентот. Класични преговори не постојат, но секако дека условите не се идентични за секој лизинг, токму поради горенаведените причини.

Дали е можна промена на ратите за лизинг (од страна на лизинг компанијата), за времетраење на лизингот, како што се случува да се менуваат каматните стапки за кредитите?
Една од најголемите предности на лизингот кој го нуди нашата компанија е фиксната каматна стапка. Тоа значи дека ратата не се менува поради промената на деловната политика на каматни стапки. Единствен фактор кој може да влијае на износот на ратата е курсот, бидејќи побарувањата се номинирани во странска валута.

Има ли разлика во лизинг на нови и половни возила?
Разликата се состои во траењето на лизингот и учеството. Имено, НЛБ Лизинг за нови возила нуди финансирање до 6 години, додека за половните возила постои временско ограничување возилото предмет на лизинг да не биде постаро од 7 години кога ќе заврши лизингот. Дополнително, за половни возила е потребно повисоко учество, бидејќи се работи за предмет кој е веќе делумно амортизиран и за кој многу потешко се обезбедува репласман.

Дали може да се добие лизинг за возило набавено од странство?
Не постојат пречки да се одобри лизинг на половно возило од странство, доколку истото е оцаринето во Македонија и е регулиран неговиот статус. Се разбира дека притоа треба да бидат исполнети критериумите за реална вредност, добра состојба и старост во рамки на пропишаните критериуми.

Колкава е вкупната камата, на пример за автомобил од 10.000 евра, со минимално учество и максимален период на лизинг?
За лизинг на автомобил со вредност од 10.000 ЕУР, учество од 20%, на период од 60 месеци, вкупниот износ на надомест за лизинг- камати за целиот период на лизинг е 2.055 ЕУР. Тоа значи дека возилото купено на лизинг по завршувањето на договорот ќе чини вкупно 12.425 ЕУР или ќе биде поскапо само за 24% со неговото финансирање на 60 месеци.

Дали е потребен жирант, и воопшто, каква гаранции се потребни при купување на автомобил на лизинг?
Не е потребен жирант во класична смисла на зборот, но при потпишувањето на договорот за лизинг солидарно гарантираат сите лица чии приходи биле земени во предвид при одобрување на аранжманот. При набавка на автомобил на лизинг  најголемо обезбедување е самиот автомобил, кој задолжително треба да е каско осигуран. Покрај тоа, корисникот на лизинг издава и меница.

Дали корисникот може да е вработен на определено време?
Бидејќи при одобрувањето на лизинг се земаат в предвид сите приходи кои се остваруваат во заедницата на барателот, фактот дека корисникот е вработен на определено време не е пречка, доколку постојат други стабилни приходи (сопруг/сопруга, родител и сл.).

Колкави се минималното и максималното учество за лизинг?
Минимално учество е 20%, за автомобили со вредност до 12.000 ЕУР. Не постои категорија максимално учество, клиентот секогаш може да избере и финансирање на мал дел од набавката.

Покрај задолжителното каско осигурување, дали корисникот на лизингот и на возилото, е задолжен возилото што е предмет на лизинг да го одржува во овластен сервис?

Без оглед на тоа дали возилото е на лизинг или не, секое возило треба да се одржува во овластен сервис, со цел да биде во добра состојба и да ја задржи гаранцијата од производителот. Тоа е предвидено и со договорот за лизинг.

Што се случува ако го украдат возилото? Или пак ако се оштети возилото...?

Доколку се украде возилото, по основ на каско полисата осигурителната компанија исплаќа отштета, со која се затвораат обврските по основ на договорот за лизинг. Евентуалниот вишок на средства му се исплаќа на корисникот на лизинг. Во случај на делумна штета, процедурата за поправка се одвива стандардно како и за сите возила. Без оглед на тоа дали се работи за делумна или тотална штета, средствата се исплаќаат на НЛБ Лизинг, кој е сопственик на возилата. 

Можна ли е предвремена исплата на лизингот и под кои услови?
Согласно законската регулатива, предвремена исплата е можна по истекот на една година од потпишувањето на договорот. Притоа, се отплаќа само главницата, односно обврската за идните надомести за лизинг (камати) се суспендира. За предвремен откуп се плаќа надомест од 1% за предвремен прекин на договорот за лизинг.

Што се случува доколку не се плаќаат ратите за лизинг редовно? После колку неплатени рати е можно возилото да биде одземено?

Договорот за лизинг предвидува превземање на мерки веќе со доцнење на една рата. Во пракса, по една неплатена рата започнува процедура на опоменување на клиентот, за после две неплатени рати да му се отповика полномошното за управување на корисникот и да се повика да го врати возилото. Многу е важна комуникацијата со клиентот, ако се воспостави коректна соработка со цел изнаоѓање заедничко прифатливо решение, мерките кои се превземаат се понакви отколку во случај кога клиентот игнорира секаква писмена и усмена комуникација.

Дали во случај на ненавремено плаќање, може да се продаде возилото и така да се отплати целиот лизинг?
Во случај на неплаќање, возилото се одзема и се нуди на продажба. Со постигнатата продажна цена се покриваат обврските по основ на договорот за лизинг. Понекогаш тој износ е доволен за затворање на договорот, а понекогаш не, во зависност од тоа колкаво било учеството и кога се случило неплаќањето. Како минува времето, неотплатената главница се намалува, затоа е важно дали проблемите настануваат на почеток на договорот или подоцна. Доколку со продажбата на возилото не се покријат сите обврски, корисникот на лизинг е должен да ја доплати разликата.

Дали лизингот може да се продолжи доколку корисникот сака да го смени автомобилот со понов?
Доколку корисникот на лизинг сака нов автомобил, треба прво да го затвори т.е. исплати стариот договор. НЛБ Лизинг како финансиска институција не откупува половни возила, затоа корисникот на лизинг треба сам да обезбеди купувач за половното возило предмет на лизинг. Најчесто во таа трансакција учествуваат продавачите на возила, кои откупуваат по принципот “старо за ново”. Потоа се поднесува барање за лизинг на новиот автомобил.

Доколку пред целосната исплата на лизингот, корисникот сака да го промени возилото, по кој критериум лизинг компанијата ја пресметува цената?
Финансискиот лизинг, кој е доминантна форма на лизинг, предвидува финансирање со цел купопродажба на предметот на лизинг од страна на корисникот на лизинг. Согласно на тоа, предвремениот откуп претставува отплаќање на паричното побарување по основ на потпишаниот договор за лизинг, односно предвремениот откуп е во износ на неотплатената главница на автомобилот и не зависи од неговата пазарна вредност .

Зошто лизингот не е толку практикуван во Македонија?
Цитат од Капитал: “За четири години колку што постои лизинг услугата во Македонија се склучени лизинг договори во вредност од 19,2 милиони евра. Ако се направи споредба со некои земји од регионот како Хрватска, Словенија или Турција, каде вредноста на лизингот е од над 400 милиони до две милијарди евра, може да се заклучи дека лизингот во Македонија е на многу ниско ниво на развиеност. “

Лизингот е релативно понов метод на финансирање, за кој требаше време да се створи навика. Побарувачката за лизинг зависи од инвестирањето на физичките и правните лица, т.е. од севкупниот економски развој на земјата.  Потребата од лизинг оди заедно со потребата за финансиска подршка на нови инвестиции, кои со години наназад се доста скромни во Македонија. Кога зборуваме за возилата, годишната продажба на нови автомобили во Македонија е под сите европски и регионални просеци.  Кај нас годишно се продаваат 7-10 пати помалку нови автомобили од Словенија, која има ист број на жители и површина, како и заедничко минато, што разбирливо резултира и со помал обем на лизинг.

Зошто NLB, а не друга компанија за лизинг?
Затоа што НЛБ Лизинг е прва и најголема лизинг компанија во Македонија, која најдобро ги познава желбите и потребите на клиентите. Во компанијата работат млади, но искусни професионалци, кои во текот на овие 10 години откако постоиме, помогнаа многу семејства и правни лица да ги остварат своите желби. Работиме 10 години на македонскиот пазар стабилно и без прекин, за разлика од други лизинг компании кои подоцна се оформија и кои или исчезнуваа или циклично финансираа. Како компанија во 100% сопственост на НЛБ, позади нас стои Групата НЛБ, која е најголема финансиска групација во Источна Европа со исклучително високи рејтинзи.

Која класа на автомобили и кои модели конкретно најчесто се купуваат преку лизинг? Поевтините или полуксузните?
Кај финансираните предмети на лизинг доминираат автомобилите од долна и средна ниска класа, што е сосема реално со стандардот и навиките на корисниците. Цената има исклучително големо влијание при изборот на автомобил, така на пример пред неколку години апсолутно најпродаван модел беше Шевролет Спарк, кој прв се наметна како мал градски автомобил со прифатлива цена. Кон тоа суштински придонесе токму финансирањето на лизинг, бидејќи комбинацијата на ниско учество и долг рок на враќање овозможи речиси секое просечно семејство да може да го издржи тој трошок. 

 

 





Стари коментари
И во примерот тука ја правите матаматиката во евра а на крај ја начукувате во франци!Срам да ви е најпреварантска фирма!Господ е најголем!
Напишан од Глупак  пред  околу 96 месеци
znaci ziva sramota so franakot ama bas vo bukvalna smisla kulturno ni ja cicate krvta voopsto ne ste fleksibilni ako ako samo pamet za drug pat
Напишан од dimitar  пред  околу 96 месеци
Во 2007 година купив возило со користење на НЛБ лизинг.Цена 8400 евра ,учество 3000 евра рата 105 евра на 6 година.Сега плаќам рата 8800 денари.Целата математика во НЛБ ја правеа во евра,а во договорот Швајцарски франци.Кога реагирав рекоа исто било.Е па не е исто.Тој НЛБ лизинг ми украде 1500 евра на таа финта.Поголеми лопови од нив нема!!!!!
Напишан од Оштетени граѓани  пред  околу 98 месеци
Се надевам дека мојот Спарк кој што е земен под лизинг на крај ќе ме чини 10 000 евра,па послем нека каже некој дека возам евтина кола. Благодарност до Франкот и досетливоста на НЛБ . . . НЛБ....не благодарам :)
Напишан од Ацо  пред  околу 100 месеци
Дали мора да се учествува со некоја сума од 5,10 или 15% за да се земе автомобил?Дали доколку се работи за некој помал автомобил може веднаш да се започне со отплата без никакво учество?
Напишан од дејан  пред  околу 105 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 4
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Интервју



 
 
..........
 
 






Одберете нов автомобил