Екстериерот на SEAT Ateca FR верзијата се разликува од стандардната благодарение на новите 18-инчни Performancе тркала додека опционо се достапни и поголеми фелни со пречник од 19 инчи. Украсните лајсни на браниците се во бојата на каросеријата, како и спојлерот на задниот дел на автомобилот.
Гледано од страна, можат да се забележат хромирани прагови, кои дизајнерски се вклопуваат со слични елемнти на предниот и задниот браник, специјално дизајнирани за FR верзијата. Напред се наоѓаат редизајнирани ЛЕД светла за магла, додека целиот изглед на автомобилот е исполнет со FR natpisite.
Во внатрешноста на автомобилот се наоѓаат спортски седишта од алкантара (опционо кожа), кожен волан и мануелен менувач со црвен шав, кој дополнително придонесува кон спортскиот карактер на автомобилот. Покрај елегантните детали во сјајна црна боја, FR знакот го краси и мултифункционалниот управувач.
SEAT Ateca со FR пакет може да се најде на автомобилите опремени со бензински и дизел агрегати, со моќност од 150 до 190 коњски сили. Мануелната и DSG автоматска трансмисија ја пренесува силата на предните тркала (опциони на сите четири тркала кај дизел верзијата и најсилниот бензинец).
|