Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ТЕМА        КОЛУМНА       ТЕХНОЛОГИЈА       ИНТЕРВЈУ       ИСТОРИЈАТ        ФОТО НА ДЕНОТ        ИНФО       ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ        ВИЕ КАЖАВТЕ
Насловна > Новости > Колумна > SUV - Бум, хистерија или тренд?
 
Spodeli
02 April 2017, 16:23


SUV - Бум, хистерија или тренд? Porsche Macan SUV - Бум, хистерија или тренд?
Од врвни модели до нискобуџетни, SUV има за секого. Побарувачката е голема, а кога има побарувачка има и понуди. Некои марки го прават тоа полесно, некои потешко, но евидентно е дека борбата во SUV сегментот е видлива. ...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Од само неколку модели кои на прсти можеа да се избројат од почетокот на милениумот, до ситуација кога денес тешко е да ги наброиме сите SUV модели, па дури и да ги класифицираме.

Во прилог на SUV хистеријата оди и најновиот избор на автомобил на година во Европа, каде победник новиот Peugout 3008. Прашањето е има ли крај на овој тренд? Како успеаа SUV возилата да ја освојат Европа?  
 
SUV (Sport Utility Vehicle) влече корени од “чистокрвните” теренци. Нивната популарност доживеа бум во раните 80ти години во САД. Голем товарен простор, огромна прегледност, погодно за сите патишта - овие автомобили успеаа да се најдат на врвот на побарувачката на секое семејство. Моноволуменците полека го загубија приматот на најпопуларни семејни возила.  
 
 
На почетокот, клиентелата во западна Европа реши да им даде шанса, меѓутоа не требаше многу време за да се најдат низ целиот континент. Често имаше изговори дека се големи и тешки, но секако со тек на време завладеа она “Се чуствувам побезбедно”. 
 
Прашање е дали навистина SUV возилата успеаа да го задржат теренскиот дух и да имаат врвна безбедност? Познатите тестови од таа облат, како оние “North Deer” и “Moose” укажува дека често, наместо на тркала, знаат да завршат превртени на страна или на кров. Заради тежината секако и доста време е потребно за да се забави SUV автомобилот. Секако, во краен случај, ако дојде до несреќа ќе бидете побезбедни. Автомобил кој е дизајниран да се справи со најтешките услови може и да ви ја пружи неопходната заштита. 
 
На производителите на автомобили не им требаше многу време да сфатат каков е купувачот и дека никогаш нема да се симне од асфалтот. Затоа почнаа да прават автомобили во склад со побарувачката. Вакви теренци односно SUV, имаа подобра возна динамика, со помала потрошувачка на гориво, ама со сите дотогашни “предности” на теренската каросерија.
 
 
И премиум сегментот сака дел од SUV колачот
 
Со почетокот на третиот милениум порасна и побарувачката за SUV категоријата. Глобално гледано знаете дека некој тренд има фатено замав ако се вклучат и големите произведувачи.
 
Ако ги исклучиме Mercedes и Range Rover (за кои е прашање дали тогаш спаѓале во овој сегмент), ниеден друг премиум бренд немал теренски педигре. Но тоа сепак не ги спречува да произведуваат “теренци за асфалт”. Да го земеме за пример Porsche. Производителот познат по мали спортски автомобили, исфрли свој SUV модел Cayenne. Нешто побрзи од Porsche беа соседите од Баварија. Баварците уште во 2000 година го пуштија во продажба Х5.
 
 
Денес, 17 години подоцна, најпродаваниот модел на Porsche е Macan, мал SUV, кој сочинува околу 40% од продажбата на овој произведувач. BMW има цела серија Х модели од различни величини, Mercedes и Range Rover и понатаму произведуваат теренци, ама и SUV модели. Впрочем додека другите премиум произведувачи се трудеа да ги убедат купувачите дека нивниот SUV навистина има теренски способности, Mercedes само продолжи да ја турка G класата како чистокрвен теренец, додека во истовреме развиваше цел низ на SUV модели, односно нови класи на кросовери.
 
 
Кога ќе престане SUV лудилото?
 
Наскоро сигурно нема. Во текот на 2016-та година, еден од четири продадени нови автомобили во Европа е SUV/crossover. Најпродаваниот модел од оваа категорија е јапонскиот бестселер Nissan Qashqai, а во чекор го прати и братот близнак Renault Captur. После нив следи чедото на VW групација Tiguan.
 
 
Трендот фати замав и тешко е да се каже кога ќе заврши. Овој сегмент од автомобилската индустрија толку порасна што сега има свои подкласи. Од категорија која беше достапна само на оние со длабок џеб стигна да биде подостапна.
 
Како што тоа обично се случува, крај на трендот се гледа кога ќе почнат апсурдите. Еден Lamborghini прави свој SUV, Alfa Romeo кај својот модел Stelvia во прв план ситакна дека тој автомобил ќе биде најбрз во својата класа во Nirburgring. Се почести се SUV-те без погон на четири тркала, со “лош” агол на напад и излезен агол и со се помало растојание од подлогата.
 
Сепак, некои прогнози велат дека овој пазар ќе се шири на глобално ниво најмалку до 2022 година. За тогаш е проектирана продажба од околу 22 милиони единици.
 
Иднината доаѓа и се надеваме дека SUV произведувачите ќе попримат и од Tesla и ќе создаваат високо ефикасни возила.
 

Porsche Macan
 Краток опис
 Фотогалерија




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Колумна



 
 
 
 






Одберете нов автомобил